11 коментари 2 мин. читање

Со Viber зборувајте бесплатно преку мобилен

Viber е мобилна апликација за Android и iPhone која лесно се интегрира со вашата контакт листа и ви овозможува да комуницирате бесплатно со пријатели или роднини било каде во светот. Сé што ви е потребно за да воспоставите бесплатен разговор со добар квалитет е да имате стабилна интернет конекција на вашиот мобилен.

Откако ќе ја преземете апликацијата, Viber од вас бара да го потврдите вашиот мобилен број преку активациска СМС порака и да и дозволите пристап на апликацијата до вашата контакт листа, од каде што Viber автоматски ќе препознае кои ваши контакти веќе имаат инсталирано Viber.

Разбирливо е дека СМС пораките и повиците ќе се остваруваат само преку Viber апликацијата, а доколку се прашувате како оваа апликација ви овозможува да комуницирате бесплатно и не бара од вас ниту денар, сетете се на Skype, и овој популарен софтвер го прави истото, па дури има и мобилни верзија. :)

Дечките зад Viber сè уште немаат пронајдено начин баш како да заработат од корисниците чија бројка надминува 12 милиони активни од вкупно 20 милиони регистрирани, но сепак ветуваат дека:

  • никогаш нема да ја наплаќаат апликацијата
  • никогаш нема да ги наплаќаат Viber-до-Viber повиците
  • никогаш нема да ги наплаќаат Viber-до-Viber СМС пораките
  • никогаш нема да објават реклами во апликацијата
  • вашите податоци никогаш нема да бидат продавани, изнајмувани или на било кој начин злоупотребени

Според нашите тестови и при локален и при интернационален разговор остварен и на 3G и Wi-Fi конекција, квалитетот на повикот преку Viber е одличен, на моменти подобар и од стандардниот разговор преку оператор.

Апликацијата е бесплатна за преземање од App Store или Android Market.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top