Со Twitter може да се предвиди пропаста на мобилните апликации

Анализа на споменувањто на апликацијата на друштвените мрежи може да предупреди дали апликацијата е во пад, па дури и дали апликацијата е на пат да исчезне, вели Buzzfeed. Тимот кој работеше на истражувањето го нарече „феноменот“ – Social Decay.

Тимот на Buzzfeed анализираше неколку апликации, и нивното споменување на друштвените мрежи. Она што е сигурно е дека крајот на апликацијата започнува со повеќемесечно намалување на споменувањето на апликациите на Twitter. Анализата се покажа точна за неколку сервиси: Secret, Frontback и This Is My Jam кои по краткотрајната популарност, следеше неколку месечен пад, и на крај беа изгасени. За проверување на теоријата, Buzzfeed се обиде да предвиди кои ќе бидат следните апликации кои ќе бидат во проблеми. On This Day, Timehop, Jelly.co и Super.me се дел од апликациите кои можеби ќе имаат проблем во иднина. Дел од апликациите не дозволуваат споделување на постови на друштвените мрежи, па нивната анализа по овој критериум е невозможна.

Доколку ве интересира како изгледа графикот на апликација, која има проблеми еве неколку распределби:

А еве како изгледа график на апликација која нема проблем во блиска иднина:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments