Се чини дека еднаш популарниот стартап и апликација која ја зголемува продуктивноста, Evernote, е во сериозни проблеми. Компанијата која е една од првите апликации кои стигнаа до проценка од милијарда долари, според Business Insider сега се соочува со намален раст и не може да најде соодветен бизнис модел.
Компанијата не успева да заработува и покрај тоа што има 150 милиони корисници, но поголем проблем е што апликацијата не успеа да го искористи моментот кога беше на врвот на славата. Сега конкуренцијата и новите сервиси го прават своето. Пoради ова сервисот го намалува бројот на вработени, а последниве 9 месеци бројот на вработени е намален за 18 отсто, а затворени се и три од десет канцеларии. „Пред нив е тежок пат. Сакаат да излезат на берза, но за да го направат ова мора да се фокусираат безмилосно на заработката и на начин како да дојдат до неа“.
Вработени во Evernote велат дека причина за проблемите во кој сега е компанијата е што не биле потполно фокусирани на вистинските приоритети. Главна причина за ова е желбата да се биде постојано присутен во медиумите, па со континуирани издавање и додавање на функционалности кои и не беа завршени и не им се допаѓаа на корисниците се полнеа медиумите. Други извори на Business Insider сметаат дека до пред една година компанијата воопшто не беше сериозна кога тестирањето е во прашање, па поради ова на пазарот се издаваа лоши производи.
Можеби најголемиот проблем на Evernote е прионаоѓање на начин да заработи од „бесплатните“ корисници. Од компанијата не успеваат да пронајдат начин да ги убедат да се претплатат, додека обидот со фримиум моделот не успеа, па сега од стартапот мора да бараат ново решение. Сепак сервисот има огромен број на корисници, и доколку успеат да убедат барем дел од нив на претплата, тогаш во следната година, можеби ситуацијата ќе биде целосно променета.