Во свет каде акцентот е сѐ повеќе на социјалните мрежи и дигиталните форми на забава, традиционалните активности, како читање или, не-дај-боже, пишување поезија, губат на значење.
Придружувајќи се до добро познатата изрека: „aко не можеш да ги победиш – придружи им се“, креативното студио Hero Game Co LLC произлегува со интересна идеја да ја модернизира поезијата, така што ќе ја преточи во дигитална форма на забава.
Предизвик маскиран во поезија
Poems & Codes е игра која ви дозволува да го истражувате преубавиот свет на поезијата така што дешифрирате познати строфи. Имено, низ стиховите недостасуваат одредени букви и ваша задача ќе биде да откриете кои од понудените букви треба да се искористат за да се комплетира строфата.
Ваквите „загатки“ почнуваат лесно, но знаат да бидат комплицирани со понатамошно навлегување во комплексниот свет на поезијата. Празните места во стиховите ги пополнувате така што избирате букви со вашето глувче или пак ја користите тастатурата. Преку тастатурата, копчето TAB ве води кон следното празно место, а ctrl + z ве враќаат еден чекор назад доколку направите грешка.
Poems & Codes е игра која е замислена да понуди релаксирачко искуство преку имплементирање на еден од најстарите кодови за шифрирање. Иако предизвикот знае да прогресивно расте, целата игра е со пријатен дизајн и релаксирачка музика, а скромната механика на дешифрирање е замислена да оди во чекор со вашето моментно расположение.
Па така, на располагање имате над 400 извадоци кои се сервираат преку различни теми. Во моментот кога ќе дешифрирате извадок, ќе можете да ја прочитате целата песна, или да ја преземете целата колекција од авторот преку Project Gutenberg.
Со купување на играта го подржувате и Project Gutenberg
Со оглед на тоа дека играта ги користи извадоците, односно делата кои се наоѓаат на Project Gutenberg, 10% од сите продажби одат директно во подржување на Project Gutenberg. За овој проект имаме пишувано и порано; се работи за обид да се дигитализираат, архивираат и понудат бесплатно за читање бројни дела на автори.Project Gutenberg ви дозволува да читате некоја од скоро 60 000 книги. Ова е огромна библиотека која ви дава пристап до книги на кои им се истечени авторските права и се достапни до јавноста без какви било ограничувања. Во Project Gutenberg не можете да ги најдете најновите бестселери, но доколку сте љубител на класичните наслови, тогаш ве очекува исклучително пријатно изненадување.
Интерактивна ризница од впечатливи дела
Слично на релаксирачките сложувалки, така и Poems & Codes се стремите да дојдете до една целина. Но, наместо слика, вашата финална дестинација е откритие на пејзаж од зборови: отворен за индивидуално толкување и еуфорично кокетирање со зборовите на големите мислители. Доколку отсекогаш сте биле љубители на поезијата, Poems & Codes е алатка која ви дозволува да ја издигнете таквата љубов на ново, поинтимно ниво и подлабоко поврзување со вашите омилени автори.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Hero Game Co LLC
- Издава: Hero Game Co LLC
- Жанр: Релаксирачка игра со загатки
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 17 октомври 2023
достапно е бесплатно демо на платформата Steam
Здраво crossfire_hurricane! Го проба? Како ти се допаѓа? :)