Со Ryzen 7 8700G AMD ветува HD-гејминг со интегрирана графичка картичка

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, Хардвер

Поминаа многу години откако можевме да зборуваме за сериозен гејминг без дискретна графичка картичка. Секако постојат и игри кои може да се играат и со послабите интегрирани картички, oдличен пример за ова се Stardew Valley или Dave the Diver. Сепак за посериозен гејминг е неопходна дискретна графичка картичка.

 AMD со Ryzen 7 5700G и Ryzen 7 5600G направи некаков исчекор за гејминг со своите APU процесори. Овие чипови овозможуваа куп игри да може да се играат на резолуција 720р. Помал број можеа да се играат и на 1080р резолуција. Од 2021 година кога AMD ги претстави овие процесори поминаа неколку години. Сега компанијата ни ги претстави наследниците во „G“-серијата. Овојпат, AMD не овозможува само гејминг без дискретни графички картички. Ако им веруваме на податоците кои ги споделија, одат и чекор понатаму. AMD со Ryzen 7 8700G ни ветува HD-гејминг за речиси сите наслови.

Дека не станува збор за мал број на игри веројатно доволно зборува фактот што овој пат во игрите никаде не се ниту споменати League of Legends, Fortnite или Overwatch. Вообичаено производителите ги додаваат овие игри бидејќи имаат голема публика, но немаат големи побарувања. Наместо ова на листата на 60+ FPS на Ryzen 7 8700G се Cyberpunk 2077, Far Cry 6, Assassin’s Creed Valhalla.

За прилично груба споредба, за овие перформанси за Assassin’s Creed Valhalla потребни се  Ryzen 7 1700 или INTEL i7-6700 процесор и AMD Vega 64 – 8GB или GeForce GTX 1080- 8GB графичка картичка.

Ryzen 7 8700G чини 330 американски долари. Ова не е мала сума за процесор, но за комбинација на графичка и процесор не е лоша цена. Лоша вест е дека AM5 плочите и натаму не се евтини, и доаѓаат со DDR5 меморија. Ова за жал исклучува едноставна надградба на компонента или две. За сите на кои им е потребна нова машина Ryzen 7 8700G е одлична алтернатива.

Image: AMD

Ryzen 7 8700G спецификации

Ryzen 7 8700G доаѓа со интегрирана RDNA 3 графичка картичка со „ray tracing“-јадра. Иако процесорот доаѓа со 8xxx бројка, архитектурата не е променета, и чипот е со Zen 4 архитектура. Доаѓа со 8 физички и 16 виртуелни јадра; 1MB L2 кеш по јадро и 16МB L3 кеш меморија заедничка за сите јадра. Максималната (boost) фреквенција на процесорот е 5,1GHz. Перформансите не се лоши, но AMD веќе од поодамна претстави процесори со подобри спецификации. Она што е поинтересно во новиот процесор е интегрираната Radeon 780M графичка картичка. Спецификациите на картичката се далеку од секоја посолидна дискретна верзија, но е сосем доволна ако сте задоволни и само со HD гејминг. Доаѓа со 12 „RDNA 3“-јадра, 768 стрим процесори и дополнителни 12 ray-tracing јадра.

Цената од 330 долари е слична со процесорот и графичката картичка кои може да ги замени – Intel i5-13400F со Nvidia GeForce 1650. Сепак Ryzen 7 8700G е понова технологија и ќе потрае подолго, дури и ако на крај мора да додадете дискретна картичка. Во прво време Ryzen 7 8700G ќе биде сосем соодветен и за „најтешките“ игри во HD, иако за некои само на „low“-нагодувања.

Интересно е што оваа ќе биде и првиот десктоп процесор кој ќе доаѓа со неврален процесор (NPU).

Покрај 8700G ќе бидат достапни уште неколку процесори: Ryzen 5 8600G, Ryzen 5 8500G и Ryzen 3 8300G. Продажбата за сите започнува на 31 јануари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments