На Windows Store ќе има и слободен софтвер?

во Софтвер

Мicrosoft би можел да дозволи дистрибуција на слободен софтвер за Windows преку својата нова десктоп продавница која ќе стартува во февруари 2012-та година.

Според Договорот за развој на апликации за Windows Store, апликациите кои се објавени под лиценци на Open Source Initiative, барем во бета верзијата на Windows Store, ќе можат да бидат дистрибуирани според правилата на условите за лиценца за стандардна Microsoft апликација, oткрива блогот The H.

Оваа Microsoft лиценца забранува споделување на апликации, но Microsoft во Договорот вели дека за бесплатните и слободните апликации ова правило нема да важи се додека се исполнуваат oдредени услови.

ZDNet, пак, пишува дека aпликациите во Metro-стил за Windows 8 ќе можат да се појавуваат и симнуваат директно од продавницата, а тие во не-Metro-стил ќе бидат само претставени во продавницата и ќе имаат соодветен линк кон сајтот на програмерот од каде ќе се симнуваат. Сé уште не е познато дали Microsoft ќе дозволи програмски околини со отворен код (PHP, Pyhton, Ruby) да се користат за Windows 8 апликации.

Сепак, Microsoft е благонаклонет кон слободениот софтвер само кога се работи за десктоп компјутерите. Windows Phone платформата нема да го дозволи исклучокот, и ќе биде затворен модел како што е и iOS на Apple, и Mac App Store.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Aleksandar
Aleksandar
9 years ago

Call Satan. The Hell must have frozen over.