Apple App Store е полн со „зомби-апликации“, велат аналитичарите Adeven

Продавницата на Apple е преполна со апликации кои не се интересни за корисниците и не се симнуваат. Аналитичарите на Adeven им го дадоа името „зомби“ на ваквите апликации, пренесува BBC.

Во моментов има околу 900.000 апликации на App Store, од кои Adeven вели дека 579.001 се „зомбија“, односно апликации кои не се појавуваат на листите на Apple на најсимнувани апликации во светот. Сепак Adeven вели дека не може да го знае точниот број на колку се симнати поединечните апликации бидејќи Apple не ги открива тие статистики, туку вели дека сите апликации се симнати над 50 милијарди пати.

Анализа е контрадикторна со изјавата на Apple дека 90 отсто од апликациите се симнуваат барем еднаш месечно. Но, според BBC, се надоврзува на истражувањата на Pew Research Center кое вели дека 68 отсто од корисниците на паметни телефони најчесто користат само 5 или помалку апликации, и губат интерес во нови апликации скоро веднаш откако ќе ги симнат импулсивно.

Интересно, истражувањето се појавува во неделата кога Apple го слави петтиот роденден на својата продавница. App Store имаше неверојатен успех веднаш по стартувањето во 2008 година, принудувајќи ги и другите гиганти, пред се Google, да стартуваат свои продавници за апликации. Во текот на оваа славенечка недела, Apple и некои издавачи решија да понудат попусти на најпопуларните апликации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments