Друштвената мрежа ги надгради своите мобилни апликации за Android и iOS со опција која дозволува да се пратат гласовни пораки долги една минута. Уште поинтересна вест е што Facebook тестира VoIP повици со канадските iOS корисници.
Гласовни повици преку мобилен, наместо куцање пораки, е одлично решение за комуникација додека возите, додека сакате набрзинка да објасните нешто покомплицирано. Но, ако сакате да се чуете со пријател – на Faceboook не комуницирате со тие што не ви се пријатели – тогаш зошто да не му се јавите, или пак да користите апликации со докажан квалитет како Skype, Viber и други слични? Можеби одговорот се милијардата корисници на мрежата, или поточно околу 400-те милиони мобилни корисници на кои Facebook сака да им понуди поквалитетно мобилно искуство. Друштвената мрежа е решена полека да навлезе во таа територија на гласовна комуникација, но пред неа има два големи предизвици. Првин ќе треба да го направи Facebook Messenger комплетна и конкурентна апликација, а додавање на гласовни пораки е добар почеток, и ќе треба да го среди партнерството сo Мicrosofot, кои се инвеститори во мрежата, и кои се сопственици на Skype, со кој Facebook е интегриран.
Што се однесува до VoIP повици кои мрежата ги тестира со канадските корисници, тие се лимитирани на повици меѓу iOS корисници, што значи дека не може да се повика Android корисник без врска дали се или не Facebook корисници. Но, се работи само за тест, и можно е да видиме наскоро вакви опции кои ќе бидат достапни за сите мобилни корисници на Facebook, а најверојатно и на десктоп корисниците.








