2 коментари 2 мин. читање 8 јануари, 2013

Објавени се системските побарувања за Ubuntu Phone OS

Во текот на минатата недела објавивме за новиот Ubuntu оперативниот систем за мобилни телефони, што ќе им биде потребно на развивачите за развој на апликации за овој опертивен систем, а деновиве излегоа и информации за системските побарувања.

Првиот паметен телфон кој ќе работи на овој оперативен систем треба да биде објавен при крајот на оваа година или почетокот на 2013-та, но за некој ден се очекува да биде објавена сликата на Ubuntu Phone OS за Galaxy Nexus.

Во продолжение можете да го видите видеото со Марк Шатлворт, основач на Canonical, и неговото објаснување за целата работа на овој оперативен систем. Исто така, се надева дека повеќе компании ќе објават слика на Ubuntu Phone OS да може да се инсталира на нивните мобилни телефони.

Минималните побарувања за еден Ubuntu паметен телефон се 1Ghz Cortex A9 процесор, 512MB до 1GB RAM меморија, 4 – 8 GB eMMC + SD меморија за податоци, Мулти-тач и Без десктоп конвергенција. Додека понапредните паметни телефони кои ги работеле нa Ubuntu, треба да имаат Quad-core A9 или Intel Atom процесор, минимум 1GB меморија, минимум 32GB eMMC + SD меморија за зачувување на податоци, мулти-тач и десктоп конвергенција (целосно десктоп искуство кога телефонот е приклучен).

[youtube]Le_q7RAAAnE[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
brane
brane
13 years ago

андроид донесе виџети,иос донесе апп. , виндсоус донесе лајф актив фрејмс, бб10 донесе слајп и флоу со шо нема потреба од home button. Линуксов не носи ништо ново

Трајко
Трајко
13 years ago
Reply to  brane

Абе Бране, битно е да има конкуренција….
и можда ќе се случи некоја иновација да напраат…ако не едните, тогаш другите,
поради трката за придобивање на јавноста…

Мени
Заедница
Изглед
To top