Google не манипулира со алгоритмот за пребарување, вели FTC

во Веб, Свет

Американската федерална агенција за трговија (FTC) ја затвори истрагата, a Google помина без казна, со опомена во иднина да мора да го промени начинот на работа. Google секако е задоволен од резултатите, но засегнатите компании протестираат.

„Затворањето на истрагата за пристрастноста на Google без преземање на акција преставува пропуштена можност за заштита на иновативноста во интернет економијата, но и потрошувачите и компаниите кои се потпираат врз неа.“, вели во интервју за CNET основачот на Yelp, Џереми Стопелман, кој е директно засегнат и еден од најгласните критичари на Google.

Клучно беше прашањето дали Google ја злоупотребува својата позиција при прикажување на резултатите од пребарувањата. Резултатите од истрагата ќе допринесат резултатите од пребарувањата да останат исти како и до сега. Ова беше едно од најопасните прашања за Google, бидејќи директно беше посочен дека при пребарување повисоко ги рангира сопствените продукти.

„Истрагата се фокусираше на обвинувањето дека Google ги променил своите алгоритми за пребарување за да да покажува одредени вертикални веб страни пониско на листите со цел да ја елиминира конкуренцијата во зародиш. Комисијата заклучува дека воведувањето на „универзално пребарување“ и дополнителните промени направени во алгоритмите за пребарување – па дури и оние кои наштетуваат на конкурентите – може да се оправдаат со иновативност и подобрување на работата на корисниците на пребарувачот. Според тоа FTC ја затвора оваа истрага.“, стои во соопштението на FTC.

Google единствено загуби во делот околу патентите кои ги добија со аквизицијата на Motorola. Google се обврза дека нема да бара од судовите да ги блокираат нивните ривали кои ги користат патентите кои се клучни за технологијата. Покрај ова Google ќе мора да пререгистрира дел од своите патенти, пред се патентите кои се потребни за исполнување на одредени технички стандарди. Компанијата се сложи и да им овозможи пристап на конкурентите до патентите, се разбира во фер, разумни и недискриминаторски услови.

Иако ова е победа за Google, „војната“ не е завршена. Eвропската Комисија исто така врши сопствена истрага независна од FTC, која ги испитува злоупотребите на монополскиот статус од страна на Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk