0 коментари 1 мин. читање 28 септември, 2012

Со Facebook Gifts ќе може да дадете вистински подарок на пријателите

Откако во првиот обид слабо се покажаа подароците, после две години Facebook ги враќа во функција. Како што пишуваат на својот блог, сега на вашите пријатели можете да им купите и испратите вистински подарок.

„Продавницата на подароци“ беше затворена во август 2010 година, со цел развивачите да се фокусираат на подобрување на останатиот дел од платформата како што се ѕидот, фотографиите, коментарите, допаѓањата и слично.

Во тоа време подароците изгледа немаа толкаво значење во развојот на Facebook, но во време кога „социјализацијата“ е крената на многу поголемо ниво, изгледа дека е вистинско време за враќање. Oваа нова продавница за подароци ќе биде достапна за сите корисници, но ќе стартува првин во САД потоа и во другите држави.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top