Coursera е неколку месеци стар проект во областа на е-образованието, а веќе брои 1 милион корисници. Проектот е започнат од страна на Универзитетите Принстон и Станфорд, а подоцна им се имаат приклучено уште 14 нови универзитети. На сајтот можете да најдете одлични курсеви кои може да им бидат од голема корист и на нашите студенти, исто така.
Исто така, Coursera нуди и волонтерски пристап така што материјалот би можел да се локализира и приспособи на студенти ширум светот. До овој момент, има преведено повеќе од 1.000 видеа на 20 јазици.
На секој курс има информации од кога започнува, до кога трае и колку време неделно ви е потребно за материјалот.








