Основниот суд во Велес ја изрече првата казна за навреда на Facebook

Основниот суд во Велес е првиот во Македонија кој е решен да ја продолжи раката на законот во дигиталното секојдневие, и да стави крај на препукувањата и навредите на Facebook.

Велешкиот суд го казни Игор К., кој, како што пренесува Дневник, на 13-ти јуни 2010 како член на организацискиот одбор на Рациновите средби, незадоволен од новинарски текст го нападнал и навредувал авторот на друштвената мрежа. Tој е казнет со условна казна од 100 евра, ако во следните две години го повтори делото.

Според судот, навредите ги прочитале бројните пријатели на авторот кои биле повикани како сведоци. Токму сведоците биле клучни да се одрече првата казна за навреда на Facebook, бидејќи другите детали заглавиле во преписката помеѓу судот и администраторите на Facebook.

Иако казната е симболична, сепак е одличен чекор кон подигање на свеста и моралот на корисниците на друштвените мрежи. Друштвените мрежи имаат вирален ефект, односно овозможуваат една информација да се пренесе од бројни корисници. Доволно е некој да кликне Like или да искоментира на нечиј статус, и стотина други ќе го забележат тоа. Ако законите владеат во физичкиот свет, зошто да не и во виртуелниот каде поминуваме повеќе време? Сега, можеби судовите и властите треба да се позанимаваат со коментарите на YouTube каде може да се најдат видеа и говор на омраза кој повикува на геноцид.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments