Цензура? Google ќе го намали рангот на страниците со пиратска содржина

во Веб

Како што пишува на својот Inside Google блог, Google ќе направи неколку промени во алгортимот за пребарување. Имено, во текот на оваа недела, Google ќе го намали рангот на страниците кои се пријавени дека ги прекршуваат авторските права. Од компанијата овој потег го објаснуваат како „желба да им помогнат на корисниците да пронајдат полегитимни и квалитетни извори на содржина“.

Тоа значи дека сајтовите како ThePirateBay нема да излегуваат во најгорните резултати. Ова не е цензура бидејќи резултатите ќе останат, а самите корисници ќе одберат на кој линк ќе кликнат, иако повеќето пирати ги знаат сајтовите каде може да најдат пиратска содржина, така да ова намалување на рангот нема да им претставува проблем.

Но, што со YouTube, видео сервис на YouTube, на кој има видеа кои прекршуваат авторски права. SearchEngineLand забележува дека популарните сајтови ќе ги избегнат овие намалувања во рангот, или како што го нарекува „пиратскиот пенал“. Google ќе се сконцентрира само на сајтовите кои се познати за прекршување на авторски права и за кои има добиено доволен број на поплаки.

Бидејќи „Google не може да знае и да одлучи дали одредена страница ги крши авторските права“, интернет пребарувачот рече дека ќе може да се поднесе жалба до Google за да се врати страната во нормалните резултати од пребарувањето доколку рангот на истата е намален без основа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments