Sniper Elite: Resistance: одлична надградба или недостојно проширување?

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на претходните SE игри од серијалот
  •  Одлична кампања со уникатни режими
  •  Арсенал од забавни оружја и старата, добра X-Ray камера

За нас, Sniper Elite: Resistance беше љубов на прв поглед. Преубави и детално разработени мапи полни со висока стратешка вредност, одлична камера која впечатливо ги следи куршумите и нивните пробивања во противничките тела, релативно интересна кампања и неколку уште поинтересни модови. Како огромни фанови на овој серијал, Sniper Elite: Resistance успеја да пробуди многу пријатни чуства кај нас, значително проширувајќи ја забавата која ни беше пружана во последите две децении.

Sniper Elite историја

Верувале или не, првата Sniper Elitе игра излезе во далечната 2005 година.

На времето, развојното студио Rebellion ги заинтригира тогашните гејмери, влучително и нас, со ветувањето за автентична снајперска акција. За двојката се чекаше бааги време – играта излезе дури во 2012-та година на беше значителна надградба на оригиналот која особено им се допадна на аркадните фанатици.

Охрабрени од успехот на двојката, Rebellion реши да го размрда жанрот со ултра популарните Sniper Elite: Nazi Zombie Army 1 и 2, само за да го искористат наученото од тие наслови и да понудат одлична трета игра во SE серијалот. Sniper Elite III излезе во 2014 година и го поплоча патот за феноменалните Sniper Elite 4 и, нашата омилена – Zombie Army 4: Dead War!

За жал, петката, која излезе во 2022-та година, не успејавме лично да ја провериме, но работите се значително поразлични за штотуку-излезената Sniper Elite: Resistance.

Несопирлив отпор

За разлика од претходните игри во серијата, Sniper Elite: Resistance воведува нов главен лик, Хари Хокер. Ова е истиот лик кој гостуваше во кооперативниот мултиплејер мод на Sniper Elite 3, 4 и 5 , како еден од понудените ликови со кои може да се игра. Хари е ефикасен убиец, нешто што одново ни беше потврдено уште во првите пет минути од играта кога од висока точка добивме можност да убиеме десетина противници, носталгично потсетувајќи се на визеулено-впечатливата рентгенска камера. Имено, кога ќе убиете непријател со снајперска пушка од голема далечина, ќе се активира системот X-Ray kill cam. Во оваа ситуација, камерата го следи куршумот до целта, насилно прикажувајќи како се оштетуваат коските или внатрешните органи на телото. Брутално. И крајно забавно!

Приказната на Resistance се одвива паралелно со настаните во Sniper Elite 5.

Локациите во Sniper Elite: Resistance се апсолутно огромни, нудејќи најразлични можности за истражување и разрешување на мисиите.

Имено, можете да се прикрадувате и да ги изгегнувате непријателите (или пак тивко да ги елиминирате), да барате алтернативни правци на движење, да барате стратешки локации и да убивате од далечина или, пак да трчате како луди без глава и да користите автентично огнено оружје, посрамувајќи го и Рамбо во процесот. Иако можете да ја играте и така и така, играта вистински сјае со прикрадување и елиминирање на метите од далечина.

Кога сме кај оружјата, низ мапите ќе наидувате на користи работни маси преку кои значително можете да ја менувате ефикасноста на вашите убиствени алатки. Меѓудругото, ќе можете да влијаете на можтта на куршумите, брзината со која се пука и репетира оружјето, стабилноста, гласноста, зумирањето, и слично.

Автентичен предизвик

Оние кои сакаат мазохистички предизвик, би можеле да го пробаат автентичниот режин на играта. Се работи за мод преку кој тежината значително се зголемува.

Немате никакви помошни сигнализации, здравјето не се регенерира, а муницијата се губи при секое репетирање. Згора на тоа, нема никакво прилагодување на зумирањето со оружјето.

Модот е исклучително реалистичен, но, доколку сакате, можете да вклучувате одредени „предности“ преку напредното мени.

Серија од забавни режими

Кампањата на играта може да се игра соло или онлајн – кооперативно со друг играч. Особено ни се допаѓа таканаречениот „пропаганден режим“ каде имате за задача да извршите одредени временско-ограничени борбени предизвици. Овие мисии се отклучуваат преку собирање пропагандни постери во главната игра. Предизвиците може да бидат да убиете што е можно повеќе противници на различни начини (со снајпер или со тешко огнено оружје). По убивање на непријателите, преостанатото време ќе биде преточено во екстра поени.

Режимот „преживување“ дозволува тим од четири играчи да бранат одредени цели и да се соочат со 12 бранови од непријатели, кои се поделени во четири етапи. Од друга страна, „престиж“ режимот ви дозволува да почнете да напредувате низ ранковите од почеток, но само долку достигнете ранк 50 во мултиплеерот – режим кој поддржува до 16 играчи од еднаш. Хаотично – баш како што го сакаме!

Глувче и мачка

Од сите овие режими, највеќе забава имавме во „инвазија“. Се работи за асиметричниот мултиплејер режим кој беше воведен во Sniper Elite 5, исто така се враќа во Resistance. Доколку имате овозможено Invasion, други играчи може да влезат во вашата игра. Нивниот целосен фокус е да ве пронајдат и да ве убијат. Со користење фокус, ќе можете отприлика да знаете каде се наоѓа непријателски снајперист, а преку користење одредени телефони ќе можете да им ја дознаете точната локација. Проблемот е во тоа што секојпат кога ќе искористите телефон за да ги најдете нив, и тие ќе можат да ја дознаат вашата локација.

Invasion е еден од најзабавните и најнепредвидливите режими што сме играле до сега. Верувајте, срцето лупа побрзу кога ќе дознаете дека непријателски играч ви се инфилтрирал во играта. Гејмплејот зазема целосно поразлична перспектива и тензиите се на значително повисоко ниво, особено кога ќе пробате вие да го наведете непријателот во замка. Доколку успеете да го убиете непријателскиот играч, ќе можете да отклучите нова облека, оружја и додатоци.

Кога пленот ќе стане ловец

Нормално, можете да ја завртите масата и вие да се инфилтрирате во игратата на некој друг играч. Во моментот кога ќе навлезете во кампањата на другиот играч вие се борите на страна на германците. Можете да ги користите другите војници за да го гледате нивниот статус. Па така, секојпат кога тој играч ќе биде забележан од некој германски војник, вие ќе добиете известување за локацијата. Иако често нас не убиваа, а не обратно, апсолутно ужувавме во секоја помината минута. Ова е режимот кој дава целосно нова и крајно забавна димензија на кампањата.

Впечатлива забава, но не за сите

Играјќи на сигурна карта, Sniper Elite: Resistance нуди повеќе од познатото. Ние не ја игравме петката и, за нас, Resistance е одлична надградба на четворката, и покрај бројните багови кои мајсторски не фрустрираа на одредени моменти.

Имено, вештачката интелигенција често се однесуваше како да не знае што прави, при што противниците или не ги регистрираа нашите брутални активности, или пак се главеа во одредени пречки. Згора на тоа, мора да признаеме и дека не бевме премногу импресионирани од глумата. Ликот со кој игравме, иако познат, често ја кршеше имерзивноста со лошата глума.

И покрај ова, најдовме одлична забава, особено во мрежните делови. Дел од играчите не беа задоволни како нас. Дел од играчите кои поминале низ петката тврдат дека Resistance не е тоа – тоа и повеќе ја доживуаат како скршена експанзија на петката, отколку како засебно издание кое е достојно на името.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Rebellion
  • Издава: Rebellion
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  30 јануари 2025

Оценка

  • Вкупна оценка: 8
  • Приказна: 7
  • Гејмплеј: 8
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 8

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments