0 коментари 1 мин. читање

Снимете го тоа што го работите во компјутерот чекор по чекор, со Steps Recorder

Големи се шансите дека познавате некој што постојано бара од вас да направите нешто на неговиот компјутер. Независно од тоа што би сакал, преку Windows лесно можете да му објасните чекор-по-чекор како сам да си ја заврши работата.

Кликнете на Windows копчето и напишете Steps Recorder. Кликнете на алатката и потоа на Start Record. Се додека не кликнете на копчето Stop and Review, што и да работите на компјутерот ќе биде автоматски забележано преку скриншоти и детални објаснувања. Документот со таквите упатства и насоки потоа го испраќате на заинтересираното лице.

Steps Recorder е дел од самиот Windows оперативен систем, така да немате потреба од негово дополнително инсталирање.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top