Снимајте видеа во портрет или квадрат ориентација

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Portrait Screen Recordings by Tella е услуга која ви дозволува да снимате какво било видео преку вашиот компјутер, но потоа лесно да му ја промените ориентацијата и да го прилагодите, односно оптимизирате за приказ на преносливи направи.

Оние кои што имаат TikTok канал или поставуваат на YouTube shorts знаат колку е исклучително важна портрет ориентацијата. Иако TikTok е феноменална платформа за директно снимање видеа во таа ориентација, алатката на Tella се препорачува доколку сакате да снимате некое видео од комфорот на вашиот лаптоп, па потоа да ја промените ориентацијата, но и да наметнете неколку други, дополнителни прилагодувања, кои се особено корисни доколку снимате различни туторијали и сакате паралелен приказ на две видеа од еднаш (пример, едно видео од вас како зборувате и друго каде се прикажува тоа што го правите).

По сниманото видео, можете да одберете најразлични позадини и распореди на елементите од видеото. Откако ќе бидете задолни со финалниот производ, видеото можете да го споделите или преземете.

Услугата се испорачува во пробна и претплатничка форма. Она што можете бесплатно да направите е да снимате до 10 видеа, независно од нивната должина, да ја прилагодувате ориентацијата и другите параметри и инстатно да ги споделите, со водениот жиг на Tella. За неограничена работа со алатката, меѓутоа, се бараат 19 долари месечно, што, ќе се сложите, и не е баш евтино.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments