2 коментари 1 мин. читање

Слушајте офлајн музика со AIMP

Размазени од стриминг сервисите како Spotify, можеме лесно да заборавиме дека во добрите стари времиња, првин се преземаа, а потоа се репродуцираа песните, обично во форма на MP3-и.

Во случај да и понатаму одбивате да го прифатите модерното доба и удобноста од стримањето музички нумери, тогаш потребен ви е и соодветен плеер за слушање на вашата претходно преземена музика.

AIMP е, според многумина, несуденото дете на Winamp. Плеерот расте уште од далечната 2006 година и, денеска, најновата верзија се одликува со модерен изглед, бројни корисни опции, како и поддршка за бројни формати. За пофалба е одличниот дизајн кој јасно ги прикажува сите клучни елементи; local files е полето задолжено за листање на преземените песни, bookmarks за вашите омилени, a преку My Clouds можете песните да ги поставите на облак, па од таму, пак, да ги стримате (ете, се нема спас изгледа од модерните предности).

AIMP се само еден од многу вакви плеери и набргу подготвуваме значително поголема листа со подобрите алтернативи.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top