Bish Bash Bots е ко-оп забавна игра со градење кули и водење откачени борби

Од инди студиото кое специјализира во правење квалитетни мултиплеер игри – Catastrophic_Overload, ни доаѓа забавна игра за еден до четири играчи. Bish Bash Bots комбинира стратешко планирање и динамични битки.

Градење кули и (многу) симпатични роботи!

Во Bish Bash Bots, од една страна, можете да градите најразлични кули, а од друга страна да управувате со уникатни ликови. Кулите  кои ги градите се одликуваат со најразлични офанзивни способности, а слично е и со ликовите кои стојат на ваше располагање. Секоја од кулите напаѓа на различен начин и специјализира во елиминирање одредена група непријатели. За поголема деструктивност, можете да ги надградувате кулите, но и да користите најразлични гаџети кои го отежнуваат напредувањето на роботите.

Доколку некогаш сте играле Tower Defense игра, тогаш точно знаете што да очекувате од Bish Bash Bots. Легија од непријателските роботи се провлекува по претходно дефинирани линии на движење, а вашата задача е да ги спречите да дојдат од точка А до точка Б. Како скокате од мисија до мисија така и предизвикот расте; типот на непријателите се менува, некои се на копно, некои во воздух потребна е употреба на специјализирани кули и тактики доколку сакате да издвоите победа.

За разлика од поголемиот дел Tower Defense игри, во Bish Bash Bots, управувате и со уникатен лик, во реално време! Со овој лик можете да ги туркате роботите, како и да ги удирате, што знае да биде клучно доколку сте одиграле лоши карти со поставените кули. Кога ќе се соберат уште неколку вистински лица, на мапата се случува вистински спектакл. Со оглед на шареноликата графика и симпатичните анимации, со вистинско задоволство го следевме неодоливо-слаткото трчкање на ликовите, нивното трапаво скокање, удирање и ре позиционирање на непријателите.

Bish Bash Bots е забавна игра доколку ја играте сами, но е екстра забавна доколку ја играте со пријатели, бидејќи отвора значително повеќе можности за имплементирање стратегии и по олеснето справување со непријателите. Имено, доколку правилно се поставите на мапата, можете непријателите да ги удирате и туркате кон направените кули. Или пак, додека еден ги ре позиционира непријателите, друг може да гради кула, а трет да ја надградува штотуку подигнатата.

Bish Bash Bots се одликува со прекрасни 32 левели, хаотично имплементирани низ 8 уникатни и шаренолики светови. Нема недостаток на интересни локации за истражување, а доколку сте спремни за решавање предизвици, ќе можете и да отклучувате нови изгледи. . Движејќи се низ вулкани, опасна флора и зашумени области, ве чека огромна забава која постојано ве држи во неизвесност и бара константно експериментирање.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: CATASTROPHIC_OVERLOAD
  • Издава: Firestoke (други игри на издавачот: Planet Cube: Edge и Falling Out!
  • Жанр: Градење кули, акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 19 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk