OpenAI DevDay ќе биде најважната конференција во следните години

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Последниве десетина години во светот на технологија има неколку големи настани кои вообичаено ја одбележуваат годината. Едниот секако е годишната презентација на Apple на која вообичаено ни претставуваат нов телефон, другиот е Google I/O, а тука некаде се и CES, MWC, Web Summit, SXSW и уште неколку други. Од оваа година и следните неколку години на листата најинтересни ја додаваме и OpenAI DevDay.

OpenAI DevDay е конференција за девелопери, но и конференција на која ќе можеме сите да го видиме напредокот на вештачката интелигенција. Првото издание на OpenAI DevDay се одржи на 6 ноември и на него можевме да видиме повеќе супер интересни најави. Настанот го отвори директорот на OpenAI Сем Алтман со кратка ретроспектива на последната година.

Изгледа помалку неверојатно на првата официјално јавно достапна верзија излезе на 30 ноември 2022 година. Оттогаш, се додадени куп нови функционалности. OpenAI најпрво го издаде ChatGPT 4, а потоа додаде и препознавање на глас и слики. Ова со зборовите на Алтман му овозможува на ChatGPT да гледа, слуша и зборува. Дополнително Dall-E 3 е интегриран во нова верзија на ChatGPT и овозможува директно генерирање на слики.

Една година подоцна над 2 милиони девелопери го користат API-то на ChatGPT за различни проекти. Го користат и 92 отсто од Fortune 500 компаниите. Секоја недела на платформата пристигаат 100 милиони корисници.

GPT-4 Turbo

Една од клучните објави која можевме да ја слушнеме беше најавата за новиот модел, GPT-4 Turbo. Моделот покрај куп нови функционалности е и два пати побрз од претходната верзија.

За потребите на клиентите на кои им се потребни повеќе токени за промпт со Turbo ќе бидат достапни 128 000 токени за промпт.  Ова соодветствува на 300 стандардни страници од книга.

Со новиот модел корисниците ќе имаат можност за поголема контрола за одговорите. Една од новите функционалности кои ќе го овозможи ова е JSON. Ова ќе обезбеди моделот да одговара со валиден JSON.

Една можностите на новиот модел е можност за додавање на нови податоци и документи со кој ќе се прошири „знаењето“ на моделот. Дополнително, новиот модел е со поактуелни податоци, кои завршуваат во април 2023 година. DALL-E 3, GPT-4 Turbo with Vison и TTS (Text to speech) се достапни и преку API.

Една од поинтересните објави кои не беа поврзани со моделот и нова технологија е најавата дека OpenAI ќе ги плаќа сите трошоци за нарушување на интелектуална сопственост. Ова се однесува за содржината генерирана со ChatGPT Enterprise или API.

Дополнително добра вест за сите девелопери кои имаат некоја идеја за чија реализација пречка е финансиската исплатливост – „GPT-4 Turbo е поевтин од претходникот, и тоа 3 пати поевтин за Input токени и 2 пати поевтин за Output токени. Покрај ова промена има и кај цената на постоечките модели“.

GPTS

Иако ова во суштина е девелоперска конференција, сепак главен производ на OpenAI во моментов несомнено е ChatGPT. Токму и најинтересниот дел доаѓа за ChatGPT. Алтман претстави нешто што го нарекуваат GPTs, а во суштина се специјализирани верзии на алатката која може да ја креираат самите корисници.

„Откако го лансиравме ChatGPT, луѓето бараат да овозможиме начин да го прилагодат ChatGPT за своите потреби. Го лансиравме Custom Instructions во јули, ова овозможуваше некои прилагодувања, но дополнителни барања пристигаат постојано“, велат од OpenAI.

Добра вест за сите кои не се девелопери е дека за креирање на овие специјализирани верзии на ChatGPT не е потребно познавање на кодирање. Наместо ова GPTS се креираат со природен јазик. Креаторот кажува кои се плановите и што сака да постигне а ChatGPТ самиот се прилагодува.

Примерот кој Сем Алтман го користеше беше алатка „Стартап Ментор“, но на страницата има куп интересни примери, советник за технологија, креатор на налепници, тренер за пишување, советник за друштвени игри…

Овие креирани GPTS ќе можат да бидат споделени на различни начини. Може да бидат приватни, да бидат споделени со некоја група, на пример компанија, или ќе можат да бидат јавно достапни за сите. Алтман веќе најави отворање на ChatGPT маркет на кој ќе бидат достапни и промовирани најдобрите. Компанијата дури и ќе споделува дел од заработката со најдобрите креатори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk