Нема сомневање дека во следниве две до три години ќе бидеме сведоци на револуција на преносните комјутери. Со почит кон новите паметни телефони, паметни часовници или таблет компјутери, се чини дека револуцијата дефинитивно ќе започне со уреди како очила за проширена реалност Google Glass.
[youtube]P8GVKqGruOQ[/youtube]
Веќе има најави за навистина извонредни апликации, а примена на уредот се започнати и судејќи по се, навистина станува збор за одличен новитет кој ќе биде прифатен многу брзо по излегувањето. Во секторите кои веќе работат на свои апликации спаѓаат полицијата и пожарникарите, образованието, автомобилската индустрија, новинарски куќи, друштвените мрежи, или поточно повеќе или помалку се што може да помислиме. Еве дел од апликациите кои можат да ја моделираат иднината на Google Glass, но и да не охрабрат што побрзо да го прифатиме новитетот:
Иако изгледа дека во Google не се грижи за изгледот на Google Glass, аналитичарите предвидуваат дека токму ова може да биде најголема пречка за прифаќањето на очилата. Најголем број од конкурентите токму тука ја наоѓаат слабата точка и го напаѓаат Google, но еден од поновите конкуренти Meta: Space Glass не само што изгледаат одлично туку имаат и одлични перформанси. Креирани од Мерон Грибетз, идејата е Meta да изгледаат како обични Ray Ban очила однадвор, но и да бидат првите очила за 3Д наградена реалност. Meta ќе овозможи и креирање на сопствени апликации со Unity 3D.
[youtube]b7I7JuQXttw[/youtube]
Со оглед на тоа дека клучен дел на тимот се „таткото“ на очилата за проширена реалност, професорот Стив Ман, и професорот Стив Феинер, кој е еден од пионерите на 3Д интерфејсите, квалитетот на очилата не е изненадување. Очилата ќе понудат можност за креирање на виртуелни 3Д објекти но и поставување на „дисплеј“ на било која површина од листови харија па до лицата на соговорниците. Па можностите кои ги нудат се од гејминг до креирање на модели.
[youtube]fqbMMcCqzQU[/youtube]
Crystal Shooper е апликација која ќе биде вистински кошмар за традиционалните продавници, а нејзинот креирање започна на Breaking Glass: Glassware хакатлонот. Со едноставно скенирање на бар кодот, купувачот ќе дознае која е минималната цена на производот, но и каде може да го пронајде истиот. Покрај ова корисниците ќе можат да го побараат производот на интернет и со неколку кликови да го купат производот за најниската цена која ја нуди каталогот. Иако купувачите без сомневање ќе ги поздрават овие апликации, продавниците ризикуваат да постанат физички каталог за производите, констатира Netokracija.
[youtube]6f9fh6vq6zs[/youtube]
Mutualink е модел на апликација кој ќе биде добредојден за полицијата, пожарникарите, брзата помош и службите кои работат во опасни средини. Преку стрив во живо на камерата на Glass ќе може да се набљудува работата, но и да се овозможи комуникација со службениците присутни на локацијата. Дисплејот на очилата пак ќе овозможува споделување на планови на објектите, медицинска историја и останата документација која не е присутна на терен.
На Google+ групата за образование веќе на големо се дискутира за бенефитот на вклучување на Glass во образовниот процес, покрај олеснувањето за професорите како препознавање на линкот на учениците, набљудување на учениците кои се образуваат дома или испраќање на пораки на родителите, очилата значително ќе го збогатат образовниот процес. Виртуелни прошетки по музеи, споделување на образовно видео снимено во прво лице или мини документарни филмови, помош на дисплејот при изучување на нови јазици и уште многу слични примери се само дел од иновациите. Засега најголем дел од овие предлози се само идеи, но нема сомневање дека во иднина ќе станат реалност.
Иднината со Google Glass e светла и проширена. Но, засега единствена вистинска пречка за прифаќање на очилата ќе биде сериозната опасност по приватноста која доколку било кој од производителите се надеваат на безрезервна подршка, мора да биде заштитена .







