За време на свеченото отворање на BlizzCon 2017, се најави следната експанзија за World of Warcraft.
World of Warcraft: Battle for Azeroth ќе ви дозволи да истражувате две кралства. Како шампион на ордата ќе патувате во царството Zandalar за да ги убедите троловите да ви ја позајмат нивната поморска моќ. Како бранител на сојузништвото, ќе навлезете во кралството на Кул Тирас за да ги охрабрите сограѓаните на Jaina Proudmoore да се борат за вас.
На располагање имате неколку нови игриви раси, секоја од нив со способности кои се уникатни за расата. Новите територии за истражување се препратени со нови непријатели и цели, како и нови можности за заедничка соработка во групи од по тројца. Дополнително, ќе можете да навлезете во бојни полиња со 20 играчи и да имплементирате тактики кои се инспирирани од класичните битки од Warcraft стратегиите. Azerite е новиот, исклучително вреден ресурс кој ќе ви помогне за напредно прилагодување на оклопот со нови моќи и особености. За сево ова, ќе може да се потпрете и на проширувањето на lvl-от на 120, односно за 10 нови нивоа, како и подарок засилувач за инстантно зголемување на еден лик на левел 110.
Датумот на излегување на World of Warcraft: Battle for Azeroth е непознат.
[…] World of Warcraft: Battle for Azeroth излегува на 14.август. Седмата експанзија за ММО играта која полека, но сигурно навлегува во четиринаесеттата година на постоење ќе ви помогне да најдете нови сојузници и да се втурнете во интересни модови како Warfronts, Island Expeditions и многу повеќе. […]