По излегувањето на Windows 10, компанијата Microsoft им нудеше на корисниците на постарите оперативни системи бесплатна надградба на Windows 10. Тоа значи дека доколку користевте Windows 8, бесплатно можевте да преминете на Windows 10. Tаквото нешто функционираше се до јули 2016 година. Оние кои по овој датум сакаат да си се почестат со бесплатна надградба, можат да го направат тоа преку единствениот исклучок кој се однесува за лица кои имаат потреба од асистивни технологии. Ова, меѓутоа, не се проверува од Microsoft и буквално секој кој е опериран од морални или етички предрасуди може ја искористи промоцијата.
До пред некое време, не се знаеше до кога ќе трае таквата промоција, но доколку го посетите соодветниот сајт, ќе забележите дека Microsoft суптилно го има надополнето текстот со тоа дека понудата истекува на 31.декември, 2017 година.

По истекување на датумот, и последниот начин за бесплатна надградба ќе биде секнат, така да, доколку од некоја причина се уште не сте се определиле за Windows 10, имате уште неполни два месеци да размислите дали ова е понуда која (не) би требало да ја пропуштите.
Последните две содржителни надградби за Windows 10 значително допринесоа до постабилна и побогата работна околина. Прочитајте за нашите импресии за последната, есенска надградба тука.







