0 коментари 1 мин. читање

ИТ Настан: Jавна дискусија на тема „Политики за сајбер безбедност“

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за одбрана организираат јавна расправа за сајбер безбедност.

На дебатата ќе се дискутира за применување на европската директива и за безбедност на компјутерски мрежи и информациски системи. Безбедноста на мрежите е од исклучителна важност за повеќе технологии, а Европската Унија поставува високи стандарди за безбедност. Македонија има кандидатски статус, па усогласувањето на законите секако е добредојдено.

Законската регулатива кога интернет безбедноста е во прашање, во Европа е заснована на 5 принципи:

  • Потполно усогласување со основните човекови права;
  • Поголема транспарентност, одговорност и демократска контрола;
  • Подобра апликација на постоечките законски инструменти;
  • Подобра интер-агенциска и секторска соработка низ повеќе сектори;
  • Интеграција на внатре-државните и надворешните димензии на безбедноста.

Настанот се одржува на 13 ноември, во 11:00 во Клубот на пратениците.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

0 коментари

Остави коментар

Твојата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Мени
Заедница
Изглед
To top