0 коментари 1 мин. читање 18 октомври, 2011

Следете го Web 2.0 Summit во живо

Во тек е Web 2.0 Summit, една од најголемите конференции во светот за интернет иновации. На конференцијата, која се одржува од 17 до 19 октомври, гостуваат бројни влијателни луѓе од индустријата кои ќе дискутираат за технологиите кои го диктираат темпото на ИТ (р)еволуцијата.

Годинешнава тема на Web 2.0 Summit е влијанието на податоците соберени од конкуренцијата меѓу големите играчи во индустријата, посебно сега кога кориснички податоци се закачуваат во облакот. Дискусијата ќе се развива од приватноста на податоците и како лесно преку мал пропуст може да се наштети репутацијата на компанијата, до како овие облак сервиси можат да придонесат до поквалитетни сервиси.

Видео стримот во живо може да го видите подолу, а тука ќе го најдете и распоредот на предавањата и презентациите.

Watch live streaming video from web20tv at livestream.com

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}