Google минатата недела објави дека до сега се произведени 190 милиони уреди кои работат на нивниот оперативен систем Android. Наредниот ден Sony Ericsson откри дека на бројката на Google има допринесено со 22 милиони Xperia паметни телефони кои го користат Android како оперативен систем.
Според извештајот на Sony Ericsson, 80 отсто од нивната вкупна заработувачка доаѓа од напредните мобилни уреди, поради овој факт, компанијата планира своето целосна производство да го ориентира кон паметните телефони. Според проценките на Sony Ericsson, во третиот квартал од оваа година, нивните Android телефони допринесуваат со 12 отсто од вкупниот број на паметни телефони кои го користат опеативниот систем на Google.
Според финанискиот извештај за третиот квартал, Sony Ericsson има заработка од 1,59 милијарди долари, што е помалку од минатата година, кога имала приход од 1,6 милијарди долари.
Преходно, идејата за Sony Ericsson да се префрли само на производство на паметни телефони беше споделена и од директорот на Sony Ericsson, Берт Нордберг кој рече „Во суштина, ние сега сме во бизнисот на правење мали компјутери кои имаат можности за телефонирање”.