Откако основниот модел на Raspberry Pi се покажа како полн погодок, фондацијата одговорна за мини PC-то излезе со нова поедноставна и уште поевтина варзија која чини само 25 долари.
Новиот Raspberry Pi – Model A има помалку меморија и нема мрежен приклучок, но затоа енергетската ефикасност му е значително подобрена, што овозможува да се напојува од соларни панел, но го прави и значително погоден за проекти каде ќе со користи за регулирање на издвоени сензори и во роботиката. Моделот A користи само една третина од енергијата која ја користи моделот B. И покрај ова, најавено е дека фондацијата веќе работи и на нов софтвер кој дополнително ќе ја намали потрошувачката.
Новиот Raspberry Pi доаѓа речиси истовремено со објавувањето на инвестирањето на Google во овој проект. Цената на овој модел на Raspberry Pi e 25 долари, првично е достапен само во Европа, но наскоро ќе биде достапен насекаде.
[youtube]rpWUBwGy7jY[/youtube]
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.