Правење брза храна на дигитален начин, со играта Fast Food Simulator

Зошто да ја играте Fast Food Simulator?

  • Имате некоја необјаснива желба да видите како е да се работи во ресторан за брза храна
  • Имате пет пријатели со кои сакате да впуштите во хаотична ко-оп забава
  • Сакате сами да навлезете во релаксирачкиот лесен режим на играње

Задоволување на гладта

Бројните симулации кои го имаат зборот Simulator во насловот обично се исклучително лоши игри. Но, една во десет такви игри знае да биде исклучок и пријатно да ве изненади со интересни механики кои симулираат одредени активности на релативно забавен начин. Fast Food Simulator е еден таков исклучок. За неполн месец, оваа игра собра 95% позитивни рецензии на Steam. А целосната верзија сеуште не е излезена! Башка, се работи за игра која симулира нешто што многу лесно можете да го искусите во вистински живот, и да бидете платени за тоа – работа во ресторан за брза храна.

Cheesesteak

Fast Food Simulator е игра која ви дозволува да почнете во скромно место и со уште поскромно мени и полека да го проширувате бизнисот со брзата храна. За дигитални пари примате нарачки, правите сендвичи и послужувате пијалаци. Единствена предност е што нема да мирисате на крајот од денот. Недостатоци? Се останато! Fast Food Simulator се игра одлично, но би можеле да се запрашате зошто да се игра? Од сите можни игри, зошто баш би сакале да симулирате работа во сендвичара?

Одличен ко-оп режим.

Fast Food Simulator е одлична ко-оп игра која бара од вас и вашите пријатели константна координација, особено доколку сакате операциите да одат што е можно подобро. Преку гласовна или текстуална комуникација, ќе мора да ги делите обврските и да се потрудите да ги задоволите брановите од гладните купувачи. Ова воопшто не е лесно – потребно е да сте брзи и ефикасни како муштериите не би чекале многу. Како соло играч, не знаеме колку би било изводливо, а, со тоа, и забавно на попредизвикувачките нивоа на тежина. Лесниот режим ни се допадна на нас затоа што се работи за зен искуство каде муштериите не губат трпение, дозволувајќи ви да работите онака како што сакате, без значителни временски притисоци.

Графиката и анимациите не се ништо посебно, а звуците и музиката делуваат исклучително генерични. Но, претпоставуваме дека ова ќе се смени во наредната година дена – времето кое е планирано за работа на играта. Студиото планира да се посвети на нудење пријатно и забавно искуство преку вметнување најразлични содржини, како нови гејмплеј механики. Играта чини 925 денари.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: No Ceiling Games
  • ИздаваNo Ceiling Games
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk