Корисниците на Mac компјутери кои користат Skype од сега ќе можат да контактираат со нивните Facebook пријатели без да мора да го посетуваат овој сајт. Skype ја стартуваше новата верзија за Mac, која покрај подобрена Facebook интеграција во себе содржи и реклами. Новата верзија можете да ја преземете од официјалниот веб сајт на Skype.
Новиот Skype 5.4 во себе ја содржи истата Facebook интеграција која може да се најде во Skype верзијата за Windows. Корисниците сега ќе можат да праќаат инстант пораки на своите Facebook пријатели како и да разговараат со нив користејќи го вградениот Facebook Chat и со тоа да не мораат да го напуштат Skype. Исто како со Skype верзијата за Windows, така и Skype 5.4 може да се користи за читање на Facebook статуси, споделување на содржина, „лајкање“ содржини споделени од вашите пријатели како и коментирање на истите.
За да го конектирате вашиот Facebook профил со Skype, отворете го Skype, кликнете на јазичето Connect to Facebook, и логирајте се во вашиот Facebook профил.
Лошата работа со оваа верзија на Skype е тоа што сега ќе содржи и реклами. Доколку не сте корисник кој плаќа за услугите на Skype или пак немате Skype кредити, тогаш ќе ви се појавуваат реклами.