Mozilla го претстави Firefox за таблет компјутери, изјавувајќи дека ова верзија не е финална и дека тимот на Mozilla сè уште работи на неа. Според програмерот Лукас Роча, Firefox за таблет компјутери е во функционална состојба и е достапен за преземање. Моменталнта верзија на Firefox за таблет компјутери е наменета за девелоперите, како и за оние кои сакаат да видат до каде е развојот на Firefox за таблет компјутери и да дадат мислење за тоа како може да се подобри.
Оваа верзија на Firefox е всушност базирана на својот претходник наменет за паметните телефони, со неколку подобрувања кои ја користат големината на екраните на таблет компјутерите, и со тоа надминувајќи ги ограничувањата на екраните на паметните телефони. Па така корисничкиот интерфејс сега содржи копчиња за навигација напред-назад, лента за адреса, копчиња за обележување и вчитување, како и можност за отварање повеќе јазичиња. Кога таблетот е хоризонтално поставен, јазичињата се наоѓаат на левата страна во вертикална лента, додека кога е вертикално поставен јазичињата се отвараат во вид на мени кое се наоѓа на горниот дел од екранот.
Новиот Firefox за таблет компјутери содржи и елемент наречен Awesomebar, oпција која користи мени со јазичиња за полесен пристап до обележани страни и историја на посетени страни. Awesomebar исто така се синхронизира и со десктоп активностите на корисникот. Оваа опција исто така е достапна и кај Firefox за паметни телефони, со таа разлика што тука менито се наоѓа на левата страна, овозможувајќи полесен пристап до јазичињата како и зголемувајќи го бројот на резултатит кои можат да се појават над тастатурата.
Според Ian Barlow, дизајнер на кориснички интерфејс во Mozilla, Firefox е погоден за Honeycomb, Андроид оперативен систем наменет за таблет компјутерите.