Skype претстави нова продавница за апликации

во Софтвер

VoIP сервисот Skype престави продавница за апликации од други програмери кои се изградени врз нивното API. Продавницата ќе има бесплатни и платени апликации во неколку категории, од бизнис до поставување повици, кои работат на Windows и Mac. Моментално по стартувањето има 23 апликации.

Тоа што е интересно е што тие апликации не се симнуваат преку Skype, туку корисниците се праќаат на сајтот или продавниците на програмерите за да го симнат софтверот.

Шефот на веб продавницата на Skype, Аш Валески, изјави за TechCrunch дека покрај промоцијата на новите софтверски алатки SkypeKit, Skype сака да креаира соодветен канал за дистрибуција за програмерите кои ја градат платформата. Најверојано наскоро ќе можат да се купуваат апликации со Skypе Credits и можеби ќе има продавница налик на iTunes каде Skype ќе ги продава апликациите, наместо како сега да го насочува корисникот кон други сајтови. Секако сето тоа ќе биде со помош од Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk