ЕА преку Origin ви го скенира компјутерот?

Посетителите на форумот на Escapist забележале интересна клауза во Услови за користење на онлајн продавницата за игри на ЕА Origin. Според оваа клаузула Еlectronic Arts можат слободно да го скенираат и да собираат податоци од вашиот компјутер.

2. Согласност за собирање и користење на податоци.

Се согласувате дека ЕА може да собира,користи, зачувува и пренесува податоци од техничка природа и поврзани податоци кои го идентификуваат вашиот компјутер (заклучно со IP адресата), оперативниот систем, Апликациите кои ги користите (заклучно со, но не ограничено на успешна инсталација и деинсталација). Софтвер, користење на софтвер и хардвер периферии, податоците ќе бидат собирани периодично за да се согледа упгрејдот на софтверот, динамички доставени содржини, грижа за корисници и останати услуги заклучно со онлај услуги. ЕА исто така може да ги користи собраните податоци заедно со личните податоци за маркетинг како и за подобрување на сопствените услуги и продукти. ЕА може да ги подели вашите податоци со трета страна во облик кој не ве идентификува вас. АКО НЕ САКАТЕ, ЕА ДА СОБИРА; КОРИСТИ, ЗАЧУВУВА, ПРЕНЕСУВА или да ги ПРИКАЖУВА  ПОДАТОЦИТЕ ОПИШАНИ ОД ОВОЈ ПАРАГРАФ, НЕ ЈА ИНСТАЛИРАЈТЕ и НЕ ЈА КОРИСТЕТЕ АПЛИКАЦИЈАТА. Овој и сите други податоци поднесени до ЕА во врска со инсталирањето на оваа апликација се собираат користат и пренесуваат во согласност со правилникот за приватност на ЕА кој може да го најдете на www.ea.com. Доколку било кој дел од параграфот е во конфликт со ЕА правилникот за приватност, важи правилникот за приватност.

Доколку форумџиите се во право тогаш за да играте било која од игрите кои ќе ги издадат без разлика дали ќе ги симнете во дигитална копија или во хард копија ќе мора да ја инсталирате Origin апликацијата. Со мали отстапки Origin апликацијата прилично многу наликува на spyware, злонамерен софтвер кој своеволно ќе го исталирате за да ги играте игрите кои ЕА ги издава. За разлика од ова на пример Valve кои исто така се гиганти во продажба, собирањето на овие податоци го ограничува единствено на своите производи. Се разбира дека можеби и правните експерти од ЕА мислеле на ваква употреба на лиценцата, ама според експертите, со согласување со оваа оваа клаузула се согласувате ЕА да го скенира вашиот компјутер за што и да посакаат.

Друг дел кој е проблематичен е делот во кој можат да ги искомбинираат овие податоци заедно со вашите лични податоци за маркетинг цели. Како и делот со пренос на податоците на трети страни кој вообичаено се однесува на банките преку кои плаќате но овде тоа не е експлицитно наведено. Сепак оваа не е прв пат корисниците да имаат проблем со делови од ЕУЛА на пример во една од предходните клаузули не беа доволно објаснети условите за раскинување на договорот па изгледаше дака Origin може да го раскине договорот кога сака без никакви објаснувања. По пристигање на повеќе писма од корисниците од ЕА го идадоа следното соопштение во кое објасниа дека таа клаузула се однесува на заштита од злоупотреба на Origin.

Со оглед на тоа дека е прилично јасно дека најавите за бојкот на производите на ЕА нема да вродат со плод, повеќе гејминг портали започнаа иницијатива со која ја истакнуваат важноста на приватноста. Едни од најгласните се reddedit кои апелираат до фановите да им кажат на ЕА дека им пречи повредата на приватноста која им ја наметнуваат на www.ea.com/1/privacy-contacts.

Што се однесува до мене без ралика на тоа што со нетрпение ги очекувам Mass Effect 3 и StarWars: The Old Republic, сè уште не сум спремен да се откажам од приватноста и да им ги оставам податоците од мојот хард диск на ЕА Games без разлика на тоа колку добри игри планираат да издадат во иднина се додека не ги сменат Условите за користење. Има најави дека промената може да се случи и во текот на оваа недела.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments