3 коментари 1 мин. читање

SkyConvert е бесплатен и целосен онлајн конвертер на фајлови

Доколку сакате една појдовна точка за максимална конверзија на аудио и видео формати, како и конверзија на слики, документи, и многу повеќе, тогаш SkyConvert e веб сајт кој треба да ви биде дел од листата омилени веб сајтови.

Верувале или не, авторот нуди над 400 конверзии онлајн. Не бара регистрација или кредитна картичка, услугите се бесплатни и не се сервираат реклами.

По посетување на сајтот инстантно ќе ви бидат понудени бројни паѓачки мениа, во зависност од тоа каква ви е моментната потреба. Па така, покрај горе-споменатите можности за конвертирање, ќе можете да конвертирате и компресирани податоци, е-книги, pdf документи и, најдоброто од се, нема да наидете на никакви пречки доколку имате потреба за OCR поддршка, нешто што знае или да чини пари на други места или да ве преплави со наметливи реклами.

Подолу од листата имате корисни алатки за компресирање, а Quick Access е добар за доаѓање до саканата услуга со еден клик, со што се елиминира времето кое се губи при шетање низ паѓачките мениа.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top