1 коментар 2 мин. читање

Скопје доби Google Developers Group заедница, ве покануваат на првиот настан

Google Developer Groups (GDGs) е иницијатива на Google за креирање и поддршка на локално организирани заедници на програмери кои се заинтересирани за development технологиите на Google. Она што е добра вест и не радува е дека инспирирана од глобалната Google Developer Group, во Скопје е креирана и локална заедница на програмери дизајнери и претприемачи.

Во фокусот се мобилната и веб технологија, интернет на нештата, машинско учење и технологии за облакот.

Локалната заедница постои од март оваа година, а веќе ветуваат дека ќе организираат настани, хакатони и работилници со цел да се креира и зајакне локалниот екосистем. Секако првите неколку настани ќе бидат одлична можност за запознавање, како со членовите, така и со капацитетот на самата заедница.

Засега се најавени неколку типа на настани кои заедницата ќе ги организира:

  • Talks – Запознавање со најновите случувања во Google светот
  • Codelabs -Практично искуство и насоки од членовите на заедницата
  • Campus Roadshows – Споделување знаења во различни компании, факултети и универзитети
  • Live viewing parties – Заедничко следење на конференци и други настани од Google
  • HashCode hubs – Глобални онлајн натпреварувања

Првиот настан

Првиот настан е закажан за 15 мај во Парк Хотел. Први своето знаење ќе го споделат Симона Иванова и Давид Симеоновски од Web Factory. Тие ќе го споделат своето искуство од „Santander Customer Transaction Prediction“, настан на кој беа во топ 2% натпреварувачи. Темата на говорот е „Kaggle: A great way to get into data science“.

Во презентацијата е предвидено демо во кое ќе покажат како девелопери и ентузијасти можат да се приклучат на Kaggle и да ги прошират своите познавања.

Настанот ќе започне од 18 часот, а ќе има место за првите 80 кои  ќе се пријават. Повеќе податоци за настанот на facebook страницата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top