Global Startup Rankings ја објави листата за најдобри стартап локации

Македонија бележи пад на листата на најдобри локации за стартапи, но сè уште е во топ 60 држави. Во однос на 2017 година, 59-то место од оваа година претставува пад од 4 места. Ова го покажува анализата на StartupBlink.

Со оценка 5,640 Македонија се наоѓа 1 место пред Египет, и 9 места зад Хрватска. Во првите 4 на листата нема промени. Први се САД со оценка 44,090, зад нив следат: Обединетото Кралство, 16,719 поени; Канада 15,867 поени; Израел 14, 626 поени. Скок за 6 места забележа Австралија со оценка 12, 953.

На рангирањето најмногу влијае бизнис оценката на која и отпаѓа најголем дел од вкупната оценка. Дополнително, во финалната оценка за дестинациите влегуваат бројот на стартапи и квалитетот на стартапи. Сепак надвор од првите 15 на листата ретко која локација поминува 1 како оценка во овие категории.

Веројатно најголемиот недостаток е што само еден од градовите (Скопје) е на листата од 250 стартап центри. Главниот град е на 240 место, на листата на стартап центри. Најголем предизвик во следниот период е да се подобри Скопје како стартап центар и истовремено да се издигнат и другите градови кои ќе изградат свои екосистеми.

Оценка е дека има и недоволно финансиска поддршка за стартапите во фаза на валидација. Дополнителен проблем е што и малкуте присутни инвеститори имаат проблем да ги пронајдат стартапите кои се во фаза на валидација. Ова би требало да покаже дека се потребни дополнителни напори за вмрежување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]