Фановите на Doom играта од 1993 година најверојатно се запознаени со Doom Remake 4. Се работи за комплексен мод кој го трансформира класикот во нешто што наликува на модерен шутер во прво лице. Doom Remake 4 постои веќе година дена, уште од август 2018 година и, за краткото време, привлече легија од гејмери кои сакаат да вдахнат нов живот на Doom и да го искусат во графички поисполнително опкружување. Модот ја трансформира играта во три димензии и воведува нови HD текстури со напредно рендерирање, осносно осветлување. Дополнително, непријателите можат да бидат разнесени во мали парчиња, а оружјата се одликуваат со 3D модели. Оној кој го играл оригиналот, ќе може да се втурне во значително поубаво преигрување каде мапите се идентично пренесени, а оружјата функционираат на ист начин.
Од неодамна, се појави нова, експериментална едиција на мод кој допринесува до уште подобро графичко искуство, со подобра осветленост на површините и пореалистични рефлексии. Бидејќи ваквата едиција бара значително појака компјутерска конфигурација, истата се нуди како засебен пакет за преземање.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]