Скопјани мета на нов фишинг напад под маска на ЈСП

Во македонскиот сајбер простор хакерските нападите веќе се секојдневна појава, државни институции, банки, јавни личности, политичари и кој уште не е жртва на овие напади. Сите имаат прилично иста шема на измама, односно треба да го намамат корисникот на поверува барем за момент и да остави свои лични податоци и секако податоци од платежна картичка, која што подоцна би била злоупотребена.

Покрај сите проблеми, ЈСП жртва и на фишинг напад

На скопјани им е добро познато дека ЈСП има мал милион проблеми – а како илустрација за ова е и состојбата на самите автобуси.

Покрај ваквите проблеми и предизвици, деновиве е активен и сајбер напад кој се одвива на Facebook, каде што преку Facebook профил со име ,,Транспортна карта на град Скопје” се промовира лажна кампања за подобрување на животната средина, која што нуди бесплатен ЈСП билет до 31ви август.

Како и во повеќето слични вакви сајбер напади, клучниот момент е корисникот импулсивно да изреагира и да ги следи чекорите кои што почнуваат со кликнување на линкот и внесување на сензитивни податоци кои што подоцна би биле злоупотребени.

Под објавата на Facebook, измамниците додале и коментари во кои корисници потврдуваат дека ја добие картичката. Имињата на корисниците кои што коментирале не се македонски и премногу е очигледно дека се лажни и профилите и коментарите кои се напишани под објавата.

Континуираните сајбер напади укажуваат на тоа дека сепак има жртви кои паѓаат на интернет замките и покрај толку пишувања за тоа како да се препознае лажна вест, веб-страница, профил и слично.

Во овој случај ЈСП експресно реагираше и објави на својот официјален Facebook профил дека станува за измама и дека е злоупотребено логото на институцијата. Дополнително, на објавата е наведено дека случајот е пријавен и во МВР.

И самиот Facebook ги квалификуваше овие објави како лажни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments