Во втората недела од месецот август, излезе првото големо проширување за Dungeons 4. На времето, Dungeons 4 ja прикажавме како хумористична стратегија која одлично се надоврзува на претходните три игри од серијалот и пружа богати можности за реализирање на вашата лоша страна. Иако играта никако не беше без маани, динамичното менување на мапата беше универзално позитивно прифатено од скоро сите. Првото DLC за играта се надоврзува на сите аспекти во играта и воведува нови мисии, единици, замки, и способности.

Нови мисии, единици, замки и повеќе!
Како што кажува и самото име, Dungeons 4 – The Good, the Bad and the Evil ве преселува на дивиот запад и ви дозволува да одиграте пет целосно нови мисии во целосно нова околина. Како и основната кампања, така и овие релативно долги пет мисии се со целосна гласовна поддршка. Иако нема да наидете на нови механики во поглед на играњето, ќе имате на располагање четири дополнителни единици кои се осмислени во духот на ерата на дивиот запад. Единиците се доволно разнолики и интересни за користење, особено на новите мапи во кои преовладуваат парни локомотиви низ пустинските прерии.

Цветањето на злото во вашите зандани е онолку добро колку што и вашиот просторен ентериер. За таа цел, The Good, the Bad and the Evil ви дозволува да поставите нови замки и елементи за градење. Ни се допаднаа и новите штеточини кои се во функција на еден вид динамични аларми кои ве предупредуваат на најразлични опасности, како и џиновските скорпии.

Кога ќе се земе се во предвид, додаток квалитетно ја освежува четвртата игра со интересни содржини. Иако сме задоволни од кампањата и четирите нови единици, посакуваме да имаше повеќе замки и елементи за градење. Се надеваме дека додатокот ќе помине добро за да можеме да видиме уште вакви креативни проширувања во иднина.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Realmforge Studios
- Издава: Kalypso Media
- Жанр: Стратегија
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 8 август 2024







