0 коментари 1 мин. читање

Скенирање и сторнирање на фискални и на десктоп

Сопствениците на десктоп компјутер на кој има приклучен баркод  читач ќе можат да скенираат и да сторнираат фискални сметки. Апликацијата е достапна на веб страницата на Управата за јавни приходи и е бесплатна за преземање.

Оваа апликација може да се користи како и мобилната МојДДВ за скенирање на сметки за поврат на ДДВ. Покрај поврат на ДДВ со апликацијата може да прави и поништување на фискални сметки и скенирање на сторни сметки.

Колкава ќе биде користа од апликацијата е тешко да се да претпостави. Граѓаните секако почесто имаат телефон од баркод читач, па апликацијата и не делува премногу корисно на прв поглед.

„Поврат на ДДВ-Десктоп апликацијата ќе може да се користи од страна на секој граѓанин кој е регистриран во Управа за јавни приходи (УЈП) во системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk) со цел да врши поврат на ДДВ, поништување на фискални сметки и скенирање на сторни сметки“, вели соопштението на Управата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top