0 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2023

Сите попусти на дигитални игри од една Reddit локација

Постојат бројни начини за константно информирање со најновите и најдлабоките попусти на дигитални игри. Претходно, зборувавме за огромните потенцијали на сајтовите како CheapShark, особено можноста да оставите имејл за инстантно известување кога вашата омилена игра ќе биде на одреден попуст.

Овојпат, би сакале да го споменеме GameDeals – дестинација на Reddit која константно се обновува со најновите зделки од останатите членови. GameDeals е една од нашите најчесто користени дестинации и, низ годините, баш од тука се имаме информирано за бројни игри кои се на длабоки попусти.

На GameDeals се прикажуваат попусти за игри за PC или за конзоли, а ни се допаѓа и лесниот пристап до, обично, информативните коментарите на заедницата. Имено, веднаш под зделката можеме да прочитаме за искуството на останатите гејмери и дали ја препорачуваат играта.

Често пати, самите издавачи ќе постават известување за некоја игра која е на попуст и ќе започнат AMA сесија каде ја покануваат заедницата на најразлични прашања поврзани за нивната игра.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top