0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2014

Сите паметни телефони во Европа ќе се полнат со универзален полнач

Европскиот Парламент донесе одлука со која до 2017 година паметните телефони во Европа ќе доаѓаат со универзален полнач. Одлуката е донесена имајќи ги во предвид корисниците кои се малтретираат со кабли ако имаат повеќе уреди дома, но и поради намалување на електронскиот отпад кој се генерира секоја година.

„Задоволна сум што најдовме решение за воведување на универзален полнач. Ова ќе биде добро и за потршувачите и за животната средина. Ќе стави крај на 51.000 тони отпад генериран од полначите за телефони.“, вели Барбара Велер пратеник во Европскиот Парламент.

Законот засега е во нацрт-фаза и ќе треба да биде изгласан и од министрите во Европскиот Совет, но Советот веќе ја најави својата поддршка за ваква регулатива, па останува уште само формално да ја потврди својата одлука. Потоа секоја од државите членки до 2016 година ќе треба да ги донесат законските решенија во своите држави, што ќе остави период од една година производителите да ги прилагодат своите уреди на законот.

Со оглед на тоа дека најголем дел од производителите веќе користат microUSB порта за полнење, останува уште одговорот на Apple и дали ќе се одлучат за замена на Lightning пората или за microUSB адаптер.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top