Репортери без граници: Русија, САД и Британија се новите „непријатели на Интернетот“

во Веб, Свет

Невладината организација која се бори за слободата на говор и изразување, Reporters Without Borders, излезе со нова годишна листа на држави кои ја ограничуваат можноста за слободан на говор онлајн, ги заплашуваат и апсат блогерите и ги надгледуваат своите граѓани. Листата е наречена едноставо „Непријатели на Интернет“, и е составена од држави како Северна Кореја, Кина, Иран, Саудиска Арабија, Виетнам, Белорусија, Бахраин, Туркменистан, Куба и Сирија, држави кои речиси постојано се критикувани за својот однос кога се во прашање човековите права. Но, загрижувачки е што оваа година на листата се појавуваат светски велесили за кои до неодамна се сметаше дека никогаш нема да бидат присутни на листата.

Русија е една од државие кои првпат е означена како „непријател на Интернетот“, бидејќи, и покрај тоа што состојбата со медиумите не е најдобра во земјата, таа не се наоѓаше на листата поради доскорешното не-цензурирање на сајтови. Сепак по нов закон од 2012 година, властите добија моќ да забрануваат сајтови кои се критички кон претседателот Владимир Путин и неговите соработници. Овој закон само пред некој ден се употреби да се блокираат сајтови на опозицијата која го критикуваше г. Путин околу окупацијата на дел од Украина.

Оваа година и САД се најдоа на листата за прв пат, и тоа, пред се, благодарение на доверливите документи кои ги достави поранешниот аналитичар на Агенцијата за национална безбедност, Едвард Сноуден, кои го покажуваат обемот на прислушување кои го прават безбедносните агенции, како и односот кој САД го имаат кон г. Сноуден кој без сомневање би се соочил со судење и долга затворска казна доколку се врати во земјата.

Покрај САД, и Велика Британија е прогласеа за светски рекордер во шпионирање, а ова не е единствена причина поради која Британците се на листата. Британија слично како дел од постојаните држави на листата започна да користи закони за „анти-тероризам“ како средсто со кое се бори против новинарите. Новите закони за цензура на интернет на листата ја додадоа и Индија, а поради блокирање на VoIP, осуда на блогери на затворски казни и носење на закони кои овозможуваат цензура и блокирање на сајтови на листата ја додадоа и Етиопија.

Освен листа на држави кои се непријатели на Интернет, Reporters Without Borders излезе и со листа на „Организации непријатели на Интернет“, на кои очекувано се најдоа: NSA (САД), GCHQ (В.Британија), FSS (Руската Федерација), SIIO (Кина) и повеќе агенции за безбедност од помалите држави.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments