Сите Apple App Store правила

во Мобилни, Софтвер

Тоа што е интересно во водичот е тонот на кој е напишан воведниот дел. Еве дел од поинтересните правила. Првин се дел од општите воведни совети.

  • Имаме преку 250.000 апликации во App Store. Не ни треба уште апликации со Прдење. Ако вашата апликација не прави нешто корисно или не нуди некаква форма на трајна забава, може да не биде прифатена.
  • Ќе одбиеме апликации со било која содржина или однесување за кое веруваме дека е претерано. Што е претерано, ќе прашате? Како што Врховниот суд рече еднаш „Ќе знам кога ќе го видам“. И ние мислиме дека ќе знаете кога ќе ја поминете линијата.
  • Ако апликацијата се одбие, имаме Борд за повторно прегледување на кој може да се пожалите. Ако отрчите до медиумите и не направите лом, нема да помогне.

По воведните совети следат правилата за апликации распроделени низ неколку категории како функционалност, метадата, локација, пуш нотификации, реклами… Еве дел од нив.

  • Апликациите кои се „бета“, „демо“, „пробна верзија“ или „тест“ ќе бидат одбиени
  • Апликации кои се копија на апликации претходно одбиени од App Store можат да бидат одбиени, посебно ако има многу од нив
  • Апликации кои не се многу корисни или немаат долготрајна забавна вредност ќе бидат одбиени
  • Апликации кои нудат трик или лажна функционалност кои не се означени како што треба ќе бидат одбиени
  • Програмерите кои го „спaмираат“ App Store со многу верзии на слична апликација ќе бидат тргнати од iОS програмата за развој
  • Апликации со метадата која го споменува името на некоја друга мобилна платформа ќе бидат одбиени
  • Малите и големите икони за апликации треба да бидат слични, за да нема забуна
  • Апликации со Категорија и Полова селекција кои не одговараат на содржината на апликацијата ќе бидат одбиени
  • Aпликациите кои не го информираат и бараат согласност од корисникот пред собирање, емитување или користење локациски податоци ќе бидат одбиени
  • Апликации кои користат локациско-базирани API за автоматска или автономна контрола на возилата, леталата илу други возила ќе бидат одбиени
  • Апликациите не смеат да им наплатуваат на корисниците за Пуш нотификациите
  • Aпликации кои користат празни iAd банери ќе бидат одбиени
  • Апликациите кои се дизајнирани првенствено за прикажување на апликации ќе бидат одбиени
  • Апликации во кои погрешно се напишани имињата на Apple продуктите (пр., GPS for Iphone, iTunz) ќе бидат одбиени
  • За користењето на заштитен материјал на трети странки (трејдмаркови, дела заштитени со авторско право, трговски тајни, лиценцирани дела) е потребен документирана проверка која мора да се достави на барање
  • Апликација со кориснички интерфејс кој наликува на некој iPod интерфејс ќе биде одбиена
  • Апликации кои ја менуваат функционалноста на стандардните копчиња, како појачување/намалување на звукот или копчето за ѕвонење/тивко ќе бидат одбиени
  • Koлку е поскапа вашата апликација, толку повеќе ќе ја разгледуваме
  • Aпликаците кои се само веб клипинзи, агрегатори на содржина или колекција линкови може да бидат одбиени
  • Апликации кои вклучуваат игри со Руски рулет ќе бидат одбиени
  • Апликации кои содржат порнографски материјал, дефиниран според Webster речникот како „експлицитен опис или прикажување на сексуални органи или актовности наменети да симулираат еротично наместо естетско или емоционално чувство“, ќе бидат одбиени
  • Апликаци кои нудат анонимни или лажни телефонски повици или SMS/MMS праќање пораки ќе бидат одбиени

За крај, Apple вели дека ова е „жив“ документ кој секој момент може да се смени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Пере
Пере
15 years ago

Apple SUCKS!

види ги сите огласи на kariera.it.mk