Хардвер од минатата недела: Apple HomePod Speaker, камери од Logitech, Atlas е акробат…

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Ако сте љубител на хардвер веројатно веќе знаете дека оваа недела немаше премногу новитети. По некое компјутерско глувче, камери, шпекулации за уреди на Apple и Google беше речиси сѐ што видовме оваа недела.

Sony ги објави игрите кои ќе излезат со PlayStation VR2

Видеоигрите секако не се дел од хардверот. Сепак во овој случај насловите кои ќе бидат достапни во исто време со уредот ќе бидат клучни и за интересот на потенцијалните купувачи. Дел од игрите беа објавени и претходно, а дел се објавени оваа недела. Ако сте љубители на виртуелна реалност и на PlayStation еве ги и игрите кои може да ги очекувате:

  • After the Fall
  • Altair Breaker
  • Before Your Eyes
  • Cities VR
  • Cosmonious High
  • Creed Rise to Glory: Championship Edition
  • The Dark Pictures: Switchback
  • Demeo
  • Dyschronia: Chronos Alternate
  • Fantavision 202X
  • Gran Turismo 7
  • Horizon Call of the Mountain
  • Job Simulator
  • Jurassic World Aftermath
  • Kayak VR: Mirage
  • Kizuna AI – Touch the Beat!
  • The Last Clockwinder
  • The Light Brigade
  • Moss 1 & 2 Remaster
  • NFL Pro Era
  • No Man’s Sky
  • Pavlov VR
  • Pistol Whip
  • Puzzling Places
  • Resident Evil Village
  • Rez Infinite
  • Song in the Smoke
  • STAR WARS: Tales from the Galaxy’s Edge
  • Synth Riders
  • The Tale of Onogoro
  • Tentacular
  • Tetris Effect
  • Thumper
  • The Walking Dead: Saints & Sinners: Ch. 2: Retribution
  • Vacation Simulator
  • What the Bat
  • Zenith: The Last City

PlayStation VR2 излегува на 22-ри февруари и ќе чини 600 евра. Во цената се вклучени очила за виртуелна реалност, контролер и стерео слушалки.

Apple HomePod Speaker

Оваа недела дознавме за новата генерација на HomePod звучникот на Apple. Звучникот може да ја отчита температурата на собата, да детектира звук од противпожарен аларм и да зборува како Сири. Надградбата на звучникот беше претставена на настан во Њујорк.

Најголема надградба на новиот модел е во подобрениот звук, но сега уредот има и нови сензори. Покрај сензорите за температура, за детектирањето на тревога, HomePod доаѓа и со сензор кој може да ја отчита влажноста во просторијата.

За звукот се „задолжени“ еден кастом вуфер и 5 високотонци. Два HomePod звучници може да се комбинираат за да се направи стерео пар, но тоа мора да бидат звучници од оваа генерација. HomePod со овој модел поддржува Matter протокол.

Цената на  паметниот звучник е 300 долари, и ќе биде достапен во продажба од 3-ти февруари.

Нови камери од Logitech

Популарниот производител Logitech оваа недела претстави неколку нови модели на камери Brio 300 и Brio 305. Она што прво се забележува е дизајнот на камерите, а иако перформансите се слични едната камера е наменета за домашни корисници, а Brio 305 за деловни корисници. Што се однесува до спецификациите, двете камери поддржуваат 1920х1080 при 30 fps и максимум 2 MP. Камерата покрива агол од 70 степени и има 1х дигитален зум.

Од делови кои не ги гледаме често кај камерите, овие доаѓаат со физички поклопец за камерата и noise-canceling микрофон.

Најголема разлика со останатите камери од Logitech се каблите со кои се приклучуваат камерите. Во овој случај двете камери доаѓаат со USB-C приклучок.

Камерите се веќе достапни во продажба, а цената е околу 70 долари.

Apple можеби ќе објави нов уред за управување со паметен дом

Нова верзија на iPad можеби ќе биде конкурент на Nest Hub и Echo Show. Компанијата би можела да издаде модел на iPad кој ќе се користи за управување на паметниот дом. Според Bloomberg Apple наскоро би можел да претстави уред базиран на послаб модел на популарниот таблет компјутер.

Уредот ќе се користи за управување на паметниот дом и ќе биде сличен на Nest Hub. Со него ќе може да се управува греењето, светилките, телевизорот, а ќе може и да се користи за FaceTime повици. Овој уред ќе може да се постави на ѕид или да се користи потпрен.

Apple размислува и за поголем модел на паметен екран за управување на домот. Сите верзии на iPad можат да се користат за управување со паметниот дом, но за верзија за која ова ќе биде единствена намена, нема потреба од исклучителни перформанси, па специјализираниот уред веројатно ќе биде поевтин.

Засега Apple не ги потврдил шпекулациите.

Роботот Atlas импресионира со своите вештини

Boston Dynamics продолжува да работи на својот хуманоиден робот Atlas. Овој пат издадоа видео во кое ги покажува паркур вештините. Роботот не успеа да ја заврши задачата од прва, но и покрај ова, дел од потезите добар дел од нас не можат да ги направат ни во неограничен број обиди.

Новиот процесор на Intel ја помина границата од 6GHz

Новиот Intel процесор Core i9-13900KS може да достигне работна фреквенција од 6 GHz. Оваа фреквенција процесорот може да ја достигне со Thermal Velocity Boost функцијата која овозможува процесорот да работи побрзо ако е доволно ладен.

Core i9-13900KS е надградена верзија на i9-13900K процесорот издаден во септември. И претходната верзија на процесорот беше речиси подеднакво брза со максимална работна фреквенција од 5.8GHz. Една од клучните работи по кои се разликуваат двата процесори е напојувањето (125W наспроти 150W) и Thermal Velocity Boost. Функционалноста овозможува подигање на фреквенцијата за 100Hz секогаш кога температурата на процесорот под 70° C. Веројатно очекувано, за ова да работи соодветно потребно е ладење.

Core i9-13900KS е во продажба од минатата недела и е достапен за 700 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments