Какво е мислењето за Vision Pro на експертите за аугментирана реалност?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Донесувајќи вистинска револуција во поглед на spatial computing, уредот на Apple, Vision Pro предизвика жестоки дискусии и очекувања меѓу членовите на заедниците за аугментирана реалност (AR) и мешана реалност (XR).

Откако самите видовме што можe да направи уредот, стапивме во контакт со Augment IT, швајцарска софтверска компанија која специјализира за нудење AR и XR решенија за претпријатија, и побаравме од нивните специјалисти да понудат мислење за револуционерниот уред на Apple.

Augment IT

Првите впечатоци

Размислувајќи за првичните искуство со Vision Pro, експертите од Augment IT понудија возбудливи критички мислења. Според Рето Гроб, извршен директор на Augment IT, Apple Vision Pro претставува значаен иновативен скок, особено со напредокот во раните технологии како EyeSight, интеграциите на личности и флуидни концепти за дизајн.

Се работи за одличен уред кој е на почетокот од неговото патување – сепак се работи за OS 1.0 (прва верзија), а не iOS 17.3 – треба да се има и ова во предвид, особено кога се споредуваат моментните ограничувањата, како и функциите што недостасуваат, а може да се подобрат“, вели Гроб за IT Logs.

Корисничко искуство и софтвер

Здравко Николовски, CTO во Augment IT, го истакна беспрекорното корисничко искуство понудено од Vision Pro, истакнувајќи го премиум квалитетот на направата и потенцијалот кој произлегува од интуитивните гестови.

„Како секојдневен корисник на iOS и корисник кој има претходно искуство со AR/VR платформи, мора да бидам искрен дека искуството беше прилично задоволително. Калибрацијата на очите беше многу едноставна, а повеќето од гестовите или делуваа природно, или пак беа лесни за учење. На некои корисници можеби им се чудни процедурите со следење на движењата на очите и движењето на рацете во празен простор. Ова се должи на тоа што апликациите и понатаму изгледаат како апликации првенсвтвено дизајнирани за екрани, што ги поттикнува корисниците да посегнат со рацете и да започнат соодветна интеракција. Иако ова е можно, постои шанси да се појави замор. Комбинација со следењето на очите и допирање празен простор доста добро го решава овој проблем“, вели Николовски.

И покрај малите софтверски грешки, тој очекува дека постојаните ажурирања на Apple ќе ја подобрат функционалноста и ќе ги решат проблемите со перформансите. Истовремено, Николовски посочува дека уредот засега има една клучна слабост, особено кога е во прашање функцијата за вметнување видео материјали (Video pass through).

Да бидам искрен, малку сум разочаран од начинот на кој може да се репродуцираат видео материјалите преку уредот. Како што реков, функцијата video pass through е многу подобрa од конкурентите, но очекував две работи: поголема резолуција и повеќе фрејмови. Ако ја движите главата доволно брзо има доста заматување, што може да ви го одвлече вниманието, па дури и да предизвика физичка мачнина. Разбирам дека Apple Vision Pro е дизајниран за стационарна употреба, но сепак, овде имав поголеми очекувања“, изјави тој за IT Logs.

Кориснички интерфејс и визуелна привлечност

Ферид Мемед, главен софтверски инженер со долгогодишно искуство во технологиите за AR и VR, дава значајно мислење за Apple Vision Pro. Неговиот првичен впечаток за уредот е неутрален, при што ја истакнува супериорноста над конкуренцијата во области како што се квалитетот на екранот и препознавањето на гестовите на рацете.

Ми се допадна препознавањето на гестовите со раката. Уредот работеше беспрекорно дури и кога рацете не беа многу кренати. Острината на интерфејсот е исто така за пофалба; нема алијансирање или визуелни артефакти. Ова исто така важи и за 3D искуствата кои се достапни на уредот“, вели Мемед.

Сепак, тој исто така забележува дека уредот е далеку од совршен. „Без разлика на квалитетот на дисплејот, јасен е впечатокот дека всушност гледате реалност преку објектив. Ова може, но и не мора да значи дека е добра работа бидејќи многу зависи од тоа на што се фокусирате“, вели тој за IT Logs.

Споредба со конкурентите

Компаративната анализа со водечките уреди за AR, како што се Meta Quest 3, HoloLens 2 и Magic Leap 2, обезбеди поширок контекст за оценување на јаките страни на Vision Pro, како и на можните области за идно подобрување.

Видеото немаше никакви изобличувања и обезбедува поголема резолуција од она што беше овозможено од Meta Quest 3. Функцијата за видео премин исто така решава некои од проблемите што ги имаат другите уреди (како HoloLens и Magic Leap), при што не се соочувате со ограничено видно поле. Вторите генерации на овие уреди се многу подобри од претходните, но тоа не го менува фактот дека видното поле, или FOV, е ограничено. Со Apple Vision Pro, ова е многу подобро“, вели тој за IT Logs.

Предноста на екосистемот

Беспрекорната интеграција на Vision Pro во екосистемот на Apple се јавува како посебна карактеристика, истакна Ивана Спасова Наковска, маркетинг менаџер во Augment IT.

„Како посветен корисник на Apple, првата сесија со Vision Pro помина беспрекорно добро. Беше како да користам нова и волшебна верзија на мојот добро-познат Mac, iPhone или iPad. Сè што направив, неисклучувајќи го и видео записот со моето искуство, AirDrop ми дозволи да го споделам за само неколку секунди.“, посочува Наковска.

Според неа, уредот го означува и почетокот на нова ера во spatial computing.

Како компанија, ние сме целосно подготвени да придонесеме за оваа трансформативна иднина која има потенцијал позитивно да влијае на безброј животи“, забележа Наковска, нагласувајќи го потенцијалот на уредот да ги катализира трансформативните работни текови низ индустриите.

Скок напред во зголемена реалност

Заедничкото мислење е дека Vision Pro, на Apple, претставува скок напред во технологијата за зголемена реалност. За пофалба е комбинирањето на робусни хардверски перформанси, интуитивни интеракции со корисниците и интеграција на екосистемот.

Уредот ни покажува дел од иднината. Многу е добро што Apple се приклучи кон долгорочната работа во полето на мешаната реалност, нешто што би можело да биде клучен момент ако погледнеме неколку години наназад“, додаде извршниот директор на Augment IT, Рето Гроб.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk