Со инвестиција од 110 милиони долари Moniepoint, станува осмиот африкански „еднорог“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Moniepoint, водечката нигериска финтек компанија, обезбеди нова рунда инвестиции од $110 милиони.  Со новата инвестиција компанијата ја надмина процената од 1 милијарда американски долари, приклучувајќи се на ексклузивниот африкански клуб на „еднорози“. Оваа C-инвестициска рунда беше предводена од Development Partners International (DPI), и поддржана од Google Africa Investment Fund и Verod Capital. Постоечкиот инвеститор Lightrock уште еднаш ја потврди својата посветеност и доверба во компанијата и повторно се приклучи како инвеститор. Moniepoint е само осма „еднорог“ компанија од Африка.

Во Moniepoint инвестираа и QED Investors, British International Investment (BII) и Endeavour Catalyst. Компанијата од своето лансирање во 2015 година собра над 180 милиони американски долари, пишува TechCrunch.

Пред само две години Moniepoint беше проценетa на $400 милиони, a во овој период забележува голем раст и сега нејзината вредност е речиси тројно поголема. Првично започнале како инфраструктурен партнер за банки. Денес Moniepoint нуди деловни банкарски услуги на мали и средни бизниси (SMBs), со решенија што вклучуваат кредити за проширување, управување со трошоци, книговодство и деловни платежни картички.

Moniepoint POS

Најголем дел од работата на Moniepoint, дури 90 отсто доаѓа од Нигерија. Стартапот веќе има стратегија за експанзија низ Африка. Дел од средствата ќе бидат инвестирани токму во забрзување на проширувањето низ континентот. Средствата ќе бидат насочени кон развој на дигитални плаќања, девизни трансакции и други услуги за малите бизниси низ Африка. Moniepoint неодамна започна да нуди и лични банкарски услуги, забележувајќи значителен пораст на бројот на клиенти.

Финансиските резултати на Moniepoint исто така се во нагорна линија. Во 2023, компанијата обработила над 5,2 милијарди трансакции со вкупна вредност од над 150 милијарди американски долари. Иако девалвацијата на нигериската валута (наир) негативно влијаела на финансискиот раст изразен во долари, Moniepoint и понатаму покажува стабилен раст. Годишните приходи на компанијата се над 100 милиони американски долари, тврдат извори за TechCabal.

Инвестициите во африканските стартапи стануваат се поконкурентни. Ова се забележува и по зголемениот интерес од меѓународните инвеститори. Покрај позитивните показатели, останува да се види дали Moniepoint ќе успее да го одржи својот раст и да ја прошири својата доминација во регионот. Како и другите африкански „еднорози“, компанијата ќе се соочи со предизвици од девалвација на локалните валути и потребата за одржливо проширување.

Moniepoint барем засега одби да коментира на прашањата на TechCabal за детали од инвестицијата и проценката на вредноста. Сепак, плановите за експанзија на компанијата остануваат амбициозни.

За почетоците на Moniepoint

Moniepoint е основан во 2015 година и првично започнале како компанија која нуди инфраструктурни решенија за банки и финансиски институции во Нигерија. Во почетоците, Moniepoint се фокусирал на обезбедување на основни платформи за плаќања и финансиски трансакции. Целта на ова било да се поддржи растечкиот број на банки и финтек компании кои се обидувале да ја модернизираат финансиската индустрија во земјата.

Сепак, по неколку години работа, Moniepoint пронајде друг фокус и се насочи кон деловното банкарство. Компанијата се специјализира во работење со мали и средни претпријатија. Оваа трансформација се покажала како клучна, бидејќи малите и средните бизниси во Нигерија имале, и имааат, огромна потреба од финансиски услуги кои би им овозможиле пристап до кредити, деловни платежни картички и алатки за управување со финансии.

Image courtesy of Moniepoint / blog

Стратегијата му овозможи на Moniepoint да изгради репутација и да се позиционира како водечки снабдувач на услуги во сферата на агентското банкарство во Нигерија. Подоцна, компанијата почна да нуди сѐ повеќе услуги, вклучувајќи и лични банкарски решенија и различни финансиски алатки за деловно управување, што ѝ донесе значителен раст и го привлече вниманието на големите инвеститори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments