Shoppable widget е нова алатка од EmbedSocial која ја револуционизира статичната е-трговија преку реискористување на содржини креирани од вистински купувачи.
Со Shoppable widget, брендовите можат автоматски да прикажуваат содржини од социјалните медиуми директно на својата веб-страница, претворајќи ги објавите од купувачите во интерактивни виџети што спојуваат автентични искуства со производи подготвени за купување.
Секоја објава што го спомнува вашиот бренд или производ може автоматски да се појави на вашата веб-страница, елиминирајќи го јазот помеѓу разгледувањето и наплатата и значително зголемувајќи ги продажбите.
„Shoppable Widget носи нова димензија на е-трговијата со тоа што вистинските купувачи ги претвора во дел од продажниот процес,“ истакнува Никола Бојков, основач на EmbedSocial. „79% од потрошувачите се подготвени да купат откако ќе видат производ споделен на социјалните мрежи. Токму ова го овозможува Shoppable widget, преку автоматско генерирање и прикажување на овие содржини на вебсајтовите на брендовите каде посетителите ќе може да видат како нивните продукти се користат во реални ситуации, што ја зголемува довербата и инспирира купувачка акција.“
Клучни карактеристики на Shoppable widget:
- Додавање на информации за производот: Лесно додавајте информации за производите директно на сликите и видеата од вашите купувачи, трансформирајќи ја секоја содржина во интерактивен шопинг момент.
- Инстант купување: Купувачите можат веднаш да купуваат производи преку слики и видеа од реални корисници без да ја напуштат вашата веб-страница.
- Анализа во реално време: Следете ги импресиите и кликовите за да разберете кои содржини најмногу ги привлекуваат вашите потенцијални купувачи и оптимизирајте ја продажбата.
- Приспособлив дизајн: Прилагодете го виџетот според изгледот на вашиот бренд, за конзистентно и привлечливо купувачко искуство.
Со Shoppable Widget, брендовите можат да ги претворат содржините од своите купувачи во динамичен виртуелен излог, правејќи ги автентичните моменти на купувачите клучен дел од искуството при прелистување и купување.
Виџетот е лесен за имплементација, работи со сите веб платформи а воедно и прилагодлив, што го прави достапен за бизниси од сите големини.
За повеќе информации и можност за бесплатен тест:
https://embedsocial.com/shoppable-widget
За EmbedSocial
EmbedSocial е платформа која на брендовите им овозможува собирање и објавување на содржини од социјалните мрежи – автентични фотографии, видеа и рецензии од корисници со цел да ја зголемат лојалноста и продажбата преку доверливи решенија за е-трговија.







