Интересно изненадување за сите љубители на анимираната серија The Simpsons. Јубилејната 600-та епизода ќе дојде во виртуелната реалност. Креаторите на серијата за ова соработуваат со Google, па епизодата е продуцирана во Google Spotlight Stories. Епизодата е „Planet of the Couches“ и е достапна веднаш по премиерата на серијата.

„На некој начин отсекогаш се подготвувавме за ова. Симпсонови имаат многу шеги скриени во кадарот. Виртуелната реалност е единствено начин нив да ги сместиме во сфера наместо на рамен екран.“, вели режисерот на серијата Дејвид Силверман.
Креаторите на серијата имаа проблем како на екран кој зафаќа 360° да сместат содржина која гледачите нема да ја пропуштат. Креаторите смислија дека е најдобро да покажат покажувач кој ќе го насочи вниманието на корисниците, и решија да искористат птица. Движењето на птицата треба да го насочи погледот на корисникот, но се чини дека никој не ја забележа птицата.
„Мислев дека е генијално решение, реков да ставиме птица која ќе лета на местото каде сакаме да го насочиме гледачот… Денес распрашав дел од корисниците. Како ви се допадна птицата? Никој не ја забележал!“, вели Џејмс Брукс продуцент на серијата.
Simpsons е најдолгата серија на телевизија и се во својата 28-ма сезона, а веќе имаат договор за 30-та сезона. Креаторите на серијата постојано вметнуваат актуелни настани, а не ретко и технологија, на пример Google Glass.








