2 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2011

Симнете го Firefox 8 еден ден пред официјалното претставување

Firefox 8 ќе биде достапен на 8-ми, утре, но можете уште сега да ја симнете финалната верзија за Windows, Mac и Linux. Прелистувачот може да го симнете од FTP серверите на Mozilla, открива GHacks.

*(На некои корисници им се прикажува екран за логирање на FTP серверите, па затоа еве линк до верзијата за Windows, за Linux и до верзијата за Mac)

Интересно 8-мата верзија на Firefox се појавува само шест недели откако беше објавен Firefox 7. Најголемата новина кај оваа верзија e вразана со безбедноста, односно додатоците кои се инсталираат од трети апликации се изгасени по зададено (default). Праксата до сега беше кога се инсталира софтвер, најчесто анти-вирус, тој софтвер да инсталира и додаток кој не беше проверуван од Firefox, ниту пак корисникот добива нотификација. Сега сите такви додатоци ќе бидат исклучени веднаш, па доколку корисникот сака ќе може да си активира свесно.

Други новини се додаден Twitter пребарувач, има подобро менаџирање на додатоци, пример при секоја нова верзија првиот екран по стартувањето ќе биде мануелно активирање на додатоците, ќе има опција да се стартуваат одредени табови по кориснички избор со стартување на прелистувачот, а ќе има и подобра поддршка за HTML5 и уште неколку подобрување на работењето на прелистувачот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
makedonce
makedonce
14 years ago

Ова е линкот но неможе да се симнува ftp://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/releases/8.0/win32/mk/

Филип
Филип
14 years ago

Сите верзии на Firefox (почнувајќи од v5) се објавуваат 6 недели по објавувањето на претходната верзија. Исто така, сите верзии се поставуваат на FTP серверите на Mozilla 3-4 дена пред официјалното претставување.

На тие што им се појавува прозорче за најава, треба да кликнат "cancel", па "refresh".

Мени
Заедница
Изглед
To top