0 коментари 1 мин. читање

Марко Темпест: магијата на вистината и лагите (и iPod-и)

На својот последен TED говор швајцарскиот сајбер илузионист Марко Темпест преку дигитален таблет и со проширена реалност оживеа цртан лик со цел да и претстави на публиката нови дигитални начини за креирање на магични трикови.

Трикот можеби не е кој знае каква магија, можеби е само добро испланирана претстава со одлично раскажување за да ве внесе во приказната, но тоа што е интересно и што го покажува г. Темпест е дека дигиталните алатки и уреди можат да се искористат за да се креираат нови илузии.

Подолу е уште една претстава со која илузионистот користи три iPod-и за да прераскаже приказна. Откако ќе го изгледате следново видео, под него ќе најдете уште едно во кое тој објаснува за кои техники и дигитални алатки се користат за да се долови магијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top